10 причини зошто би требало да ги купувате вашите намирници преку интернет?

Купувањето храна и други намирници за дома е светски тренд. Во најразвиените пазари, како САД и Велика Британија, секое петто домаќинство набавува намирници преку интернет продавниците. Во Македонија оваа услуга е во зачеток, но веќе постојат неколку сервиси, меѓу кои и Paket.mk, кои ви овозможуваат да купувате додека седите во вашата удобна софа, и за […]

Купувањето храна и други намирници за дома е светски тренд. Во најразвиените пазари, како САД и Велика Британија, секое петто домаќинство набавува намирници преку интернет продавниците. Во Македонија оваа услуга е во зачеток, но веќе постојат неколку сервиси, меѓу кои и Paket.mk, кои ви овозможуваат да купувате додека седите во вашата удобна софа, и за кратко да ги добиете нарачаните производи на вашата врата. Ова се 10-те најголеми предности кои го прават купувањето на намирници преку интернет толку атрактивно:

#1 Времето е пари

Велат времето е најскапоцено. На нас е да одлучиме како ќе го потрошиме. Но, нели би било добро доколку не би трошеле 4-5 часа секоја недела во преполните супермаркети? Би било бесценето кога би имале повеќе слободно време за себе или за нашите сакани.

#2 Паметен начин за штедење

Дали сте знаеле дека е поверојатно да потрошите повеќе пари во супермаркет кога сте гладни или кога немате претходно направен список? Кога купувате онлајн имате повеќе опции за селекција и споредба, па нема опасност дека ќе го надминете вашиот буџет или дека ќе купите повеќе од тоа што ви е потребно. Исто така, онлајн продавниците најчесто имаат пониски цени.

#3 Добро е за вашето здравје

Сериозно. Колку проблеми со грбот се предизвикани од често носење тежина? Доколку купувате тешки работи, како пијалаци или прашоци за перење, лесно може да се повредите и да предизвикате трајни последици.

#4 Побрзо е подобро

Paket.mk, на пример, нуди достава за 2 часа, од испраќање на нарачката до доставата до вашата врата. Тоа, во многу случаи, е побрзо и од времето кое ви е потребно доколку сами одите во супермаркет ако го земете во предвид времето кое ви е потребно да се пробиете низ сообраќајниот метеж, да најдете паркинг и неколку пати да се враќате по ќесите.

#5 Работи од секаде

Може да ги нарачате намирниците од секаде каде што имате пристап до интернет, без разлика дали седите во вашата софа, или сте на работа, или пак во чекална кај вашиот стоматолог.

#6 Удобноста е важна

Ги избегнувате долгите редици на каса, барањето паркинг, чекањето на семафор и носењето на тешките ќеси.

#7 Ви помага да го контролирате изборот

Ако нарачате здрава храна ќе добиете здрава храна. Толку е едноставно. Па така, ќе може лесно да одолеете на искушението за нездрави грицки и десерти додека со празен стомак се движите низ рафтовите во супермаркетот.

#8 И помагате на животната средина

Кога храната ви се доставува, нема потреба да го возите вашиот автомобил до супермаркет. Така намирниците се доставуваат на многу поефикасен начин, а со тоа се намалуваат гужвите и загадувањето на воздухот. Плус, заштедувате за гориво.

#9 Нема повеќе талкање низ рафтовите

Сакаме да купиме нешто, но не можеме да го најдеме во огромниот супермаркет. На Paket.mk ги наоѓате производите за неколку секунди. Само пишете го името или категоријата на производот во пребарувачот или листајте низ категориите.

#10 Го намалувате стресот

Имате премногу обврски и не можете да постигнете. Замислете кога би имале шанса за една обврска помалку во денот? Благодарение на иновативните компании и технологијата животот станува полесен.

 

Оди на Paket.mk

Вашата кошничка е празна.