Салата со свежа брокула и јогурт

5 мин. | 300 ден. | 8 лица

Оваа салата со брокула е едноставен рецепт кој комбинира свежа брокула, сушена брусница, парчиња сланина и сладок, кремаст прелив од јогурт или павлака. Одличен прилог на главното јадење или ужинка. Лесно можеш да го прилагодиш да биде вегетаријански, само одземи ја сланината.

Состојки:

3 мали брокули исечкани во големина на 1 залак
1 среден црвен кромид, ситно исечкан
65гр индиски ореви или семки од сончоглед или двете 🙂
50гр сушена брусница
115гр сланина, исечена на мали парчиња
190мл густ јогурт или павлака
3 лажици шеќер
1 1/2 лажичка бел вински оцет

Подготовка:

  1. Во мал сад, измешај ја павлаката или јогуртот, шеќерот и винскиот оцет. Мешај убаво со маталка додека целосно не се растопи шеќерот и остави го садот на страна.
  2. Во голем сад, додај ја брокулата исечена на мали парчиња, кромидот, индиските ореви или сончогледот, брусницата и сланината и измешај ги.
  3. Истури го преливот во големиот сад и мешај додека сѐ убаво не се обложи со прелив. Уживај!

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk

 

Оди на Paket.mk