Свеж прелив за салата

Колку често дома правиш прелив за салата? Во прелив не спаѓа маслиново масло и балсамико 🙂 За да стане салатата уште попривлечна и да не е толку монотона и досадна, пробај го преливов кој исто така е и здрав. Пробај го со различни свежи салати, со сѐ одговара. Авокадо, марула, свежа брокула, прокељ, зелка, кељ, моркови, домат, пченка или микс од некои од овие состојки заедно.

Состојки:

½ шоља павлака или густ јогурт
¼ шоља ладно цедено маслиново масло
¼ шоља сенф
3 до 4 лажици мед, по вкус
2 лажици сок од цеден лимон
2 лажици јаболков оцет или сок од лимон
1 чешне лук, рендано или многу ситно сецкано
½ лажичка сол
мелен бибер

Подготовка:

  1. Во сад, измешај ги сите состојки. Мешај со маталка додека не се соединат. Пробај го преливот и додај бибер или мед по потреба.
  2. Ако ти остане прелив, чувај го во фрижидер покриен, 10 – 14 дена.

Набави си ги состојките за преливот и салата по твој избор од Paket.mk

-7%
95,00 ден по килограм

Оди на Paket.mk