Топло – ладно со топка сладолед и малини

30 мин. | 190 ден. | 8 лица

Нема некој кој рекол дека овој десерт не му се допаѓа. Топол колач со растечено чоколадо и ладен сладолед да направи контраст и експлозија на вкус во устата.

Колачот се здобива со својата слава уште пред многу години. За неговото настанување се расправаат американскиот шеф Jean-Georges Vongerichten кој вели дека го измислил овој колач во 1987 година, додека францускиот шеф и изработувач на чоколадо Jacques Torres ја негира неговата изјава и вели дека таков десерт веќе постоел во Франција.

Независно кој го измислил десертот, топло – ладно или лава колачот станува задолжителен десерт во ресторанското мени и ние сме им вечно благодарни. 🙂 И бидејќи не секој ден може да одиме во ресторан да јадеме топло – ладно, еве го рецептот како да си го направиш дома.

Состојки:

5 јајца
250гр чоколадо за готвење
5 лажици шеќер
65гр путер
100 гр брашно
топка сладолед (вкус по желба)
малини или јагоди

Подготовка:

  1. Во сад на тивок оган стопи ги чоколадото и путерот мешајќи непрекинато за смесата побрзо да се соедини. Откако ќе се рас­топи, тргни го садот од шпо­ре­т и остави ја сме­сата да се излади.
  2. Во друг сад со миксер измати ги јајцата со шеќерот. Мати ги јајцата додека не се растопи шеќерот односно не станат пенести.
  3. Смесата со чоколадото додај ја во садот со јајцата. Потоа, сите состојки измешај ги со жица за матење.
  4. Откако ќе се соединат, постепено додавај го брашното со постојано мешање. Треба да добиеш густа и хомо­гена чоко­ладна смеса.
  5. Кала­пите за мафини убаво намач­кај ги со путер и посипи ги со брашно пред да ја истуриш смесата во нив. Смесата распореди ја подеднакво во 8 калапи.
  6. Стави ги да се печат на претходно загреана рерна на 250 степени целзиусови 7-10 минути.
  7. Колачот послужи го на чинија додека сѐ уште е топол и до/над него стави една топка сладолед со вкус по твој избор и малини или јагоди. Можеш да додадеш и прелив од карамела или шеќер во прав како декорација. Сѐ по твој вкус! Коментари со воодушевување се гарантирани 😉

Набави си ги состојките за овој колач од Paket.mk

Оди на Paket.mk

Прикажи ги сите резултати