3 свежи салати за летни денови

Се ближи 21ви јуни, а со тоа и официјалниот старт на летото, што значи дека високите температури допрва доаѓаат. Со други зборови, сѐ помалце ќе сакате да палите шпорет и да допринесувате дома да ви биде уште потопло. За вакви летни денови, кога телото ве моли да го разладите на било кој начин, свежа салата е правилниот избор за ручек или вечера.

За таа цел, избравме неколку лесни рецепти кои се подготвуваат многу брзо, а не го жртвруваат вкусот на таа сметка. Епа, повелете!

        

Предлог број 1: Боранија со фета сирење

Состојки:

450гр Боранија
10 Шери домати
100гр Пченка
50гр Фета сирење
Маслиново масло
Сол

Подготовка:

  1. Боранијата готви ја 1 – 2 минути во зовриена вода. Исцеди ја, префрли ја во сад и потоа стави го садот во ладна вода со мраз за да ја оладиш боранијата и да го прекинеш процесот на варење.
  2. Исечкај ги шери доматите на половина и додај ги во боранијата заедно со пченката.
  3. Зачини ја салатата со маслиново масло и сол и додај ги здробените коцки фета сирење. На здравје!

Набави си ги состојките од Paket.mk

Предлог број 2: Cole slaw зелка салата

Состојки:

Пола црвена зелка, рендана
Пола зелена зелка, рендана
3 – 4 Моркови, рендани
1/2 шоља мајонез
2 лажици бел шеќер
1 1/2 лажица сок од лимон
1 лажица оцет
1/2 мала лажица мелен црн бибер
1/4 мала лажица сол

Подготовка:

  1. Црвената и зелената зелка исечи ги на тенки ленти со нож или со помош на ренде или таканаречената мандолина 🙂 Може да искористиш и само еден тип на зелка, црвена или зелена, ама за да јадеш и со очите, препорачуваме да ги измешаш двете.
  2. Изрендај ги морковите и измешај ги убаво заедно со зелката.
  3. Сите останати состојки стави ги во друг сад и мешај добро со маталка додека не се растопат шеќерот и солта.
  4. Прелиј ја салатата со преливот и стави ја во фрижидер да се олади.

Совет: Оваа салата може да ја направиш и 8 часа порано и да ја чуваш во фрижидер. Направи ја наутро и кога ќе се вратиш од работа ќе биде совршено оладена за јадење. На здравје!

Набави си ги состојките од Paket.mk

-70%
63,00 ден 19,00 ден по килограм
125,00 ден по килограм
35,00 ден по килограм
35,00 ден по килограм

Предлог број 3: Салата со авокадо и краставица

Состојки:

1 голема краставица, исечена на коцки
2 домати, исечени на коцки
1/4 црвен кромид, ситно исечкан
2 авокада
1/2 шоља сечкан магоднос
3 лажици маслиново масло
2 – 3 лажици сок од лимон
Сол
Бибер

Подготовка:

  1. Исечкај ги краставицата, авокадото и доматите на коцки со приближно иста големина.
  2. Кромидот и магдоносот исечкај ги ситно и измешај ги сите состојки заедно.
  3. Измешај го маслиновото масло, сокот од лимон, солта и биберот и прелиј ја салатата.

Набави си ги состојките од Paket.mk

Оди на Paket.mk

All search results