Нашите другари од Fat Kitchen во првата епизода од новиот сегмент “Cook from the book” подготвија таљатели со домашно песто. Нормално, си ги нарачаа сите состојки кај нас и потоа го споделија рецептот и чекорите за подготовка. Ние сме сведоци – таљателите се превкусни. Како што кажува Никола и во видеото, сезона е на босилек, да го искористиме максимално 😉
Погледни го видео рецептот – препорачуваме!
Таљатели со домашно песто
Состојки:
450гр таљатели
1 китка босилек
2 чешниња лук
150гр пармезан
50гр индиски ореви
1 шоља маслиново масло
Сол и бибер
Подготовка:
- Во зовриена вода и добро посолена, стави ги таљателите. Вари ги според инструкциите на пакетчето.
- Во меѓувреме, босилекот добро измиј го и одвој ги ливчињата од стеблата. Заедно со лукот, индиските ореви и маслото стави ги во блендер и блендај со паузи. Не треба да добиеш кремава смеса, туку треба да останат ситни парченца од состојките.
- Потоа во истата смеса изрендај го на ситно пармезанот, додај бибер, добро измешај и пробај. Додај сол по потреба.
- Пред да ги исцедиш таљателите, на страна зачувај една шолја од водата. Потоа исцеди ги и додај го пестото во нив. Додај уште малку пармезан и додај дел од водата во која се вареа таљателите. Водата ќе ги направи таљателите уште покремави.
- Сервирај со уште малку рендан пармезан, ливче босилек и црн бибер, чаша убаво бело вино и … Добар апетит.
Набави си ги состојките од Paket.mk
-11% 285,00 ден 255,00 ден