Лосос со зеленчук со песто

30 мин. | 450 ден. | 4 лица

Летните денови нѐ асоцираат на свежа морска храна што често ја јадеме на одмор во симпатичните медитерански таверни и ресторани. Овој рецепт ни се поклопува со последниот каде што исто така правевме таљатели со домашно песто, па сега откако веќе знаеш како се прави, време е да го пробаш во друга комбинација.

Ако сакаш да се потсетиш како се правеше песто, клик на линкот. Сепак, за овој рецепт препорачуваме да ги користиш состојките наведени подолу. Уживај!

Состојки:

600гр млад компир
200гр грашок
200гр брокула
4 парчиња лосос од 120гр
Маслиново масло

За песто:

25гр индиски ореви
1/2 чешне лук
1 китка босилек
Маслиново масло
15гр пармезан
2 лимони
Бибер

Подготовка:

  1. За пестото, ислупи го лукот и стави го во блендер заедно со индиските ореви и ливчињата босилек. Пулсирај додека не се иситнат убаво. Додај 2 – 3 лажици маслиново масло и потоа додај го ренданиот пармезан. Пулсирај кратко за само да се измешаат состојките и додај сок од лимон и бибер по твој вкус.
  2. Вари ги компирите во посолена вода околу 15 минути или додека не омекнат. Додај ги брокулата и грашокот во последните 5 минути од варењето. Ако користиш грашок од конзерва, додај го сосема на крај за да се измеша со зеленчуците.
  3. Загреј голема тава на силен оган. Премачкај ги парчињата лосос со маслиново масло и додај сол и бибер. Стави го лососот со кожата надолу, намали го огнот на средна температура и готви ги околу 4 минути или додека кожата не стане крцкава и добие златна боја.
  4. Преврти ги парчињата лосос на другата страна и готви ги уште 2-3 минути или додека целосно не се зготват. Тргни ја тавата од оган и остави да се одмори лососот 30 секунди, па додај сок од лимон и протресија ја тавата убаво да се обложат сите парчиња.
  5. Исцеди го сварениот зеленчук, додај го пестото и мешај убаво за да се покријат сите зеленчуци со песто.
  6. Сервирај 4 порции со по една четвртина лимон, за тој што сака да си додаде. На здравје!

Набави си ги состојките од Paket.mk

Оди на Paket.mk

All search results