Супа од тиква и костени

75 мин. | 380 ден. | 6 лица

Сезоната на тиква и костени е веќе длабоко навлезена, а овие две состојки прават прекусни кремасти и богати супи. Па, еве еден предлог за вкусен оброк што ќе ве стопли во овие ладни дождливи денови.

Состојки:

2 лажици путер
1кг тиква, излупена и исчистена од семки, исечена на коцки
1 компир, излупен и исечен на коцки
1 кромид, ситно исецкан
2 чешниња лук, ситно исецкани
1 ловоров лист
1 кг костени, печени или варени
1 л течност од коцка од кокошка
1 л вода
125мл течна павлака

Подготовка:

  1. Пред да почнеш со подготовка на супата, треба да ги зготвиш костените. Можеш да ги вариш или печеш, по твоја желба. Ако решиш да ги вариш, ќе ти требаат околу 30 минути готвење во зовриена вода. Ако решиш да ги печеш, задолжително исечи ја кората на костенот за да не експлодира при печењето. Потопи ги костените во вода 15 минути и потоа, стави ги да се печат со исечениот дел нагоре, на 200 степени околу 15 минути. Откако ќе се зготват и оладат, излупи ги и помини на следниот чекор.
  2. Додека се готват костените, подготви ја супата од коцка од кокошка. Едноставно, следи го упатството на коцката.
  3. Стопи го путерот во голема тава на висок оган. Додај ја тиквата, компирот, кромидот, лукот и ловоровиот лист и готви 5 минути.
  4. Додај ги зготвените костени, супата од коцка и вода, и потоа остави да зовријат. Готви додека состојките не се меки и се распаѓаат – околу 30 минути.
  5. Извади го ловоровиот лист од смесата и со рачен миксер (пасатор) миксај ја смесата додека не стане хомогена. Ако немаш рачен миксер, ова можеш да го направиш во блендер.
  6. Измиксаната смеса нека се крчка на тивок оган, па додај ја павлаката и готви уште 10 минути.
  7. Зачини ја супата со сол и бибер и прецеди ја супата низ цедалка пред сервирање. Ако супата е многу густа, може да се разреди со малку топла вода.
  8. По желба, декорирај со семки од тиква и мали коцки пармезан.

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk:

Оди на Paket.mk