60 мин. | 440 ден. | 8 лица
Секоја пригода е добра за овие домашни Фереро бомбици, а особено ако сакаш некого да воодушевиш и изненадиш. Се прават брзо и многу лесно, а за вкусот нема потреба ни да коментираме.
Состојки:
100гр наполитанки со вкус на лешник
150гр печени лешници, исечкани
200гр Нутела
150гр млечно чоколадо
2-3 лажици масло
100гр печени лешници, по желба
Подготовка:
- Искрши ги наполитанките со раце и исечкај ги лешниците или здроби ги во аван со толчник.
- Додај ја нутелата на здробените наполитанки и лешници и измешај убаво додека смесата не се соедини. Остави ја смесата во фрижидер околу 45 минути да се стврдне и да не се лепи многу.
- Со лажичка вади од смесата и формирај бомбици. Бомбиците врати ги во фрижидер уште 15 минути да се стврднат.
- Стопи го чоколадото со маслото на пареа и потопи ги бомбиците во стопеното чоколадо. По желба, додај ситно сечкани лешници во стопеното чоколадо пред да ги потопиш бомбиците за да ја добиеш оригиналната текстура на Фереро бомбиците.
- Откако ќе се стврдне чоколадото, бомбиците се подготвени за дегустирање 🙂