Paket.mk создава начин со кој производите од фармерите од внатрешноста на Македонија ќе станат достапни за илјадниците купувачи во Скопје

Нов проект на Paket.mk започнува со спојување на руралните средини и модерните технологии. Се работи за апликација која ќе им овозможи на фармерите од внатрешноста полесно и поефикасно да ги пласираат нивните производи на пазарот во Скопје преку Paket.mk, а на жителите на град Скопје можност да имаат поголем увид во потеклото на храната која ја конзумираат, познавајќи ја околината каде зеленчукот, овошјето и другите производи се одгледуваат. Проектот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

Тимот на Paket.mk беше во посета на општина Чашка каде оствари средба со локалните фармери. Општина Чашка е чист, незагаден регион каде фармерите одгледуваат разни врсти на зеленчук и овошје како пиперки, домати, компири, ориз, костени, ореви, бадеми, аронија, гоџи бобинки. Разговорот беше на тема како оваа програма ќе им овозможи нивните производи да станат полесно достапни за модерниот човек кој живее во Скопје, кој сака да се исхранува здраво, да знае од каде потекнува храната која ја конзумира и истата да биде со врвен квалитет. 

 

На фармерите и локалните продавници, Paket.mk им нуди огромна база на купувачи кои сакаат да купуваат здрави производи од познати фармери, ефикасна дистрибуција со веќе познатиот план “Достава до врата за 2 часа” и рекламирање, со што се појавува можност фармерите да го зголемат своето производство и да остварат поголема заработувачка. 

Прикажи ги сите резултати