Краток водич за Бадникова вечера

Првпат правиш вечера за Бадник? Еве краток водич за се што треба да подготвиш.

Бадник е празник кога семејството се собира заедно во домот, седнува на заедничка посна и богата трпеза и крши лепче со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне паричката, цела наредна година ќе го следи здравје, успех и среќа. Бадниковата вечера треба да е посна, но богата. Покрај лепчето со паричка, бадниковата вечера вклучува и: зелник со праз, посни сарми, риба, посно тавче гравче, компир салата, туршија, печена тиква, костени и ореви, сушено овошје како урми, смокви, кајсии, сливи, сезонско овошје како јаболка, мандарини, киви и банани и црвено вино.

Сите намирници за подготовка на бадниковата вечера можеш да ги најдеш на Paket.mk во категоријата Празнична вечера.

Во продолжение споделуваме 3 рецепти за вкусна празнична вечера. Среќни празници и на здравје!

Зелник со праз

Состојки:

За тесто:
1кг брашно
20гр квасец
100мл кисела вода
100мл масло
1 лажичка сол

За фил:
5 страка праз
200мл масло
малку сол
малку бибер

Подготовка:

  1. Се почнува со подготовка на тестото за зелникот. Квасецот се става во млака вода за да се активира. Се остава 10 минути додека не се појават меурчиња. Потоа се меша и се истура во брашното. Се додава зејтинот и солта и се замесува тесто. Откако убаво ќе се замеси, се остава тестото на страна на топло место за да нарасне.
  2. Празот се сече ситно и се пржи со малку зејтин. Се остава да се олади пред да се прави зелникот.
  3. Тестото се дели на 7 дела. Првата кора се сука поголема и се става во тавче намачкано со зејтин. Краевите на кората треба да излегуваат надвор од тавчето. Кората се попрскува со зејтин и кисела вода. Останатите 6 кори се сукаат, се попрскуваат со зејтин и кисела вода и се виткаат во долги ролни. Се редат кружно по работ на тавата, а во средина се остава место за празот. Со рабовите на првата кора се покриваат сите кори и се виткаат убаво. Зелникот се пече во рерна на 200 степени додека не добие убава златна боја.

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk:

 

Посни сарми

Состојки:

За тесто:
2 главици кромид
Масло
2 моркови
150мл вода
250гр ориз
1 главица кисела зелка
Сол
Бибер
Црвен пипер

Подготовка:

  1. На малку масло, се динстаат исечканиот кромид и моркови. Се додава оризот и се готви додека оризот не е полу-зготвен, па се додава сол, бибер и црвен пипер. Се додава малку вода и се готви уште малку додека не испари водата.
  2. Се сечат листови зелка и се редат на дното на тавата за печење за да ја покријат. Во останатите листови зелка, се става малку фил во центарот на листот, се витка и се реди во тавата. Постапката се повторува додека не се потрошат сите состојки.
  3. Сармата се пече околу 2 часа на 200 степени.

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk:

33,00 ден по килограм
42,00 ден по килограм

 

Тавче гравче

Состојки:

500гр грав
2 главици кромид
2 лажици сол
2 лажици мешан сув зачин
1-2 лажички сушено нане
1-2 лажички црвен пипер
Масло

Подготовка:

  1. Гравот се вари на тивок оган, но да не се свари целосно туку зрната да останат малку потврди. Водата од гравот се зачувува за печењето.
  2. Кромидот се сече ситно и се пржи на врело масло.
  3. Сварениот грав се претура во земјена тава и се додаваат солта, мешаниот сув зачин, црвениот пипер, нането и кромидот. Се додава од водата во која се вареше гравот и се пече на 200 степени околу 40 минути.

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk:

Прикажи ги сите резултати