26 Август – Светски ден на кучето

,,Кучето е единственото суштество на планетата што што ќе те сака повеќе од самото себеси” – Josh Billings Денеска е светскиот ден на кучињата, па одвојте време за да ги испочитувате вашите крзнени пријатели кои се тука за да ви го разубават секој ден, но и да ве заштитат. Постои нераскинлива врска помеѓу луѓето и […]

,,Кучето е единственото суштество на планетата што што ќе те сака повеќе од самото себеси” – Josh Billings

Денеска е светскиот ден на кучињата, па одвојте време за да ги испочитувате вашите крзнени пријатели кои се тука за да ви го разубават секој ден, но и да ве заштитат. Постои нераскинлива врска помеѓу луѓето и кучињата, направете нешто за кучињата и покажете им колку се значајни за нас, луѓето.

Како настанал Светскиот ден на кучето?

Светскиот ден на кучето е наменет за сите раси на кучиња, како и за подигање на свеста на луѓето за тоа колку кучиња секојдневно имаат потреба да бидат спасени и згрижени. Овие животни секојдневно го ставаат својот живот во опасност поради нас. Има кучиња кои се грижат за нашата безбедност помагајќи во пронаоѓање дрога, експлозиви и сл., кучиња кои помагаат при несреќи и големи катастрофи, слепи кучиња, како и кучиња на кои им е потреба посебна грижа. Сите овие кучиња заслужуваат посебно место во нашите срца.

Светскиот ден на кучето се одбележува благодарение на Colleen Paige, експерт за домашни миленичиња. Таа всушност го одбрала овој датум бидејќи тогаш го добила своето прво куче, а потоа истиот овој датум е прифатен во целиот свет.

Како да го одбележите?

Постојат многу начини на кои можете да го одбележите светскиот ден на кучето. Доколку подолго време размислувате да земете куче, денеска е вистинскиот ден за тоа. Сепак, не купувајте куче, туку вдомете од стационер. Така ќе му обезбедите на кучето подобри услови за живот, а во исто време ќе се ослободи место во стационерот за некое друго куче на кое тоа му е потребно, а  вие ќе спасите два животи. Зачленете се во некоја организација која се грижи и им помага на кучињата кои имаат потреба од тоа. Поминете квалитетно време со вашето куче, а потоа угостете го вашето куче со нешто вакво, можеби? 🙂

Неколку неверојатни факти за кучињата

  1. Кучињата имаат три очни капаци. Многу сопственици на кучиња не го знаат овој факт. Третиот капак го штити и навлажнува окото.
  2. 30% од далматинците се глуви на едното уво.
  3. Њуфаундлендскиот пес е одличен пливач, поради водоотпорното крзно и пливачката кожичка меѓу нозете.
  4. Песната на The Beatles ‘A Day in the Life’ има фрекфенција што само кучињата може да ја слушнат.
  5. Три кучиња го преживеале потонувањето на Титаник.
  6. Салуки е најстарата раса на кучиња. Расата датира од 329 година п.н.е. кога биле чувани како кралски кучиња во Древен Египет.
  7. Англискиот Хрт може да престигне Чита на долга дистанца. Големиот Англиски Хрт е одлични тркач на долги дистанци и може да достигне брзина до 35км/ч.
  8. Чау Чау и Шар Пеј кучињата имаат црни јазици. Интересно е што причината за црната боја на нивниот јазик е непозната.

Вашата кошничка е празна.