Baileys Strawberries & Cream – Ликер создаден за слатки уживања

Кој е за вкусен, кремаст ликер направен од препознатливиот Baileys Original во комбинација со најсвежите јагоди? Најголемиот новитет ова лето е Baileys Strawberries & Cream кој ги освои срцата на сите сладокусци. Било да сте љубители на консумирање на чист ликер со неколку коцки мраз како аперитив или пак како дел од некој десерт или […]

Кој е за вкусен, кремаст ликер направен од препознатливиот Baileys Original во комбинација со најсвежите јагоди? Најголемиот новитет ова лето е Baileys Strawberries & Cream кој ги освои срцата на сите сладокусци.

Било да сте љубители на консумирање на чист ликер со неколку коцки мраз како аперитив или пак како дел од некој десерт или кафе, во Baileys Strawberries & Cream несомнено ќе уживате.

Во продолжение неколку кратки и лесни рецепти за чија подготовка нема да ви се потребни повеќе од неколку минути.

Strawberries & Cream over ice

  • 50ml Baileys Strawberries & Cream

Во ниска чаша со неколку коцки мраз додадете го пијалакот. Уживајте!

Strawberries & Cream Daiquiri

Во шејкер додадете ги сите состојки и шејкајте. Послужете во чаша за мартини и декорирајте со парче свежа јагода.

Крем десерт во чаша (2 порции)

  • 100ml Baileys Strawberries & Cream
  • 100ml крем сирење
  • 150ml слатка павлака за готвење
  • 180gr сецкани јагоди
  • 70gr ситно сецкани бисквити

Измешајте ги сите кремави состојки во лесен крем. Додадете ги јагодите и повторно промешајте. Во висока чаша на дното ставете ги сецканите бисквити, па додадете го кремот. Завршете со сецканите јагоди. Оладете го десертот барем половина час за максимално уживање.

Доколку сте љубители на вечната класика Baileys Original Irish Cream, тука можете да најдете интересни рецепти кои можете да ги подготвите со него.

Вашата кошничка е празна.