Брускети со домат и босилек

35 минути | 24 парчиња Класичното италијанско предјадење, брускети, е совршено за да го доловите вкусот на зрели домати, свеж босилек, лук и маслиново масло. Брускетите се совршени за пикник затоа што состојките се подготвуваат предвреме, како и парчињата багет, така што на пикникот ќе треба само да ги сервирате и да уживате. [row style=”divided”] […]

35 минути | 24 парчиња

Класичното италијанско предјадење, брускети, е совршено за да го доловите вкусот на зрели домати, свеж босилек, лук и маслиново масло. Брускетите се совршени за пикник затоа што состојките се подготвуваат предвреме, како и парчињата багет, така што на пикникот ќе треба само да ги сервирате и да уживате.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

6 или 7 зрели домати

2 чешниња лук, истолчени

1 лажица екстра девствено маслиново масло

1 лажичка балсамико

6-8 ливчиња свеж босилек, ситно исецкан

¾ лажичка сол

½ лажичка мелен бибер

1 француски багет

60мл маслиново масло

[/col]

[col span=”2/3″ ]

Начин на подготовка:

  1. Измијте и излупете ги доматите (доколку употребувате шери домати, само исечете ги на четвртини). Зовријте вода во тенџере. Направете засек на дното на доматите, бидејќи така полесно ќе се лупат. Веднаш штом ќе зоврие водата тргнете го тенџерето од оган. Ставете ги доматите во зовриената вода и оставете ги да стојат 1 минута. Извадете ги од вода и оставете ги да се изладат. Исечете ги на половини или четвртини и истискајте што повеќе од сокот и семките.
  2. Загрејте ја рерната на 230⁰C а решетката поставете ја највисоко во рерната.
  3. Исецкајте ги доматите и ставете ги во сад со средна големина. Додадете толчен лук, екстра девствено маслиново масло и балсамико. Потоа додадете го босилекот, солта и мелениот бибер. Доматите бараат повеќе сол, така што можеби ќе биде потребно да додадете повеќе сол.
  4. Исечете го багетот на мали парчиња со нож за сечење леб. Премачкајте го секое парче со маслиново масло како и тавчето за печење. Кога рерната ќе достигне температура од 230⁰C, ставете го тавчето за брускетите најгоре во рерната и печете ги 5 до 6 минути.
  5. Ставете ги лепчињата во чинија така што страната која што е премачкана со маслиново масло ќе биде свртена надолу, за да го заштити лебот од омекнување. Смесата сервирајте ја посебно па секој ќе може да си се послужи, или пак на секое парче багет ставете од смесата и послужете.
  6. Уживајте!

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш на Paket.mk:

Вашата кошничка е празна.