Чимичури сос со свежо нане, магоднос и лук

15 мин. | 40 ден. | 4 лицa Јужноамериканско чимичури, сос кој користи свежо нане, магодонос и лук и кој ќе даде нова димензија на секојдневниот оброк од месо, без разлика дали е пилешко, свинско или јагнешко месо. Зготви го месото по твоја желба и прелиј го со овој свеж сос. Ако ти остане, сосот […]

15 мин. | 40 ден. | 4 лицa

Јужноамериканско чимичури, сос кој користи свежо нане, магодонос и лук и кој ќе даде нова димензија на секојдневниот оброк од месо, без разлика дали е пилешко, свинско или јагнешко месо. Зготви го месото по твоја желба и прелиј го со овој свеж сос. Ако ти остане, сосот може да го чуваш во фрижидер уште неколку дена.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

2 чешниња лук, сечкани
25гр свежо нане
25гр свеж магдонос
2 лажици вински оцет
1/2 лажичка сол
1/4 лажичка буковец
6 лажици маслиново масло

[/col]
[col span=”2/3″ ]

Подготовка:

  1. Стави ги чешнињата лук во блендер или сецко и пулсирај повеќе пати додека не се исечка. Додај го свежото нане и свежиот магдонос и пулсирај додека не се исецкаат ситно. Ако немаш блендер, сѐ можеш рачно да исечкаш на ситни парчиња.
  2. Префрли ги состојките во сад со средна големина. Додај го винскиот оцет, солта и буковецот на смесата и мешај додека солта не се растопи. Додај го и маслиновото масло и сосот е подготвен за преливање!

[/col][/row]

 

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk

 

Оди на Paket.mk

Вашата кошничка е празна.