Домашна лимонада – совршен пијалак за пикник

Лимонадата е задолжителна кога се работи за подготовки за пикник. Домашната лимонада е вкусна и полна со витамини како никоја друга, а сигурно и сите во семејството ја обожаваат. Еве неколку совети околу подготовката: Нането е традиционален додаток во домашната лимонада и ја прави уште повкусна. Ролајте ги лимоните помеѓу дланките или на маса, за […]

Лимонадата е задолжителна кога се работи за подготовки за пикник. Домашната лимонада е вкусна и полна со витамини како никоја друга, а сигурно и сите во семејството ја обожаваат.

Еве неколку совети околу подготовката:

  • Нането е традиционален додаток во домашната лимонада и ја прави уште повкусна.
  • Ролајте ги лимоните помеѓу дланките или на маса, за да станат посочни и да добиете повеќе сок. Исто така, може и да ги ставите лимоните во микробранова печка 15 секунди, за кората да омекне и да испушти повеќе сок.
  • Замрзнете парчиња лимон и употребете ги кога сакате.
  • Направете коцки мраз од лимонада и потоа овие коцки додадете ги во домашната лимонада. Така лимонадата нема да се разреди откако коцките ќе се растопат.
  • Овие состојки се доволни за 4 лица, па доколку е потребно зголемете ја количината.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Потребни состојки:

5 лимони

1 ¼ шољи шеќер

1.5 литри вода

 [/col]

[col span=”2/3″ ]

Начин на подготовка:

  1. Излупете и исцедете ги лимоните, а потоа исецкајте ги на ситни парченца.
  2. Ставете ја кората од лимоните во садот заедно со шеќерот.
  3. Почекајте околу 1 час па додадете зовриена вода во садот со кората и шеќерот.
  4. Почекајте да се излади околу 20 минути, а потоа извадете ја кората.
  5. Додадете го сокот од лимонот и добро промешајте.

 

Домашната лимонада е одлична основа за многу варијации.

Додадете јагоди, малини или лубеница и ќе добиете црвена лимонада.

Уживајте!

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш на Paket.mk:

Вашата кошничка е празна.