[section]

[row]

[col span=”2″ span__sm=”12″]

[ux_image id=”10963″ image_size=”large” margin=”0px 0px 0px 14px”]

[/col]
[col span=”10″ span__sm=”12″ margin=”10px 0px 0px 0px” align=”left”]

Донирај во Црвен крст преку Пaket.mk

Време е за летна чистка на плакарите и ослободување од облеката која веќе не ја носиме.
Приклучи се кон проектот “Копче” и #НаправиПовеќе.

[/col]

[/row]
[row]

[col span=”8″ span__sm=”12″]

Paket.mk го поддржува новиот проект “Копче” на Црвен крст на град Скопје и организира акција за собирање на донации од нашите корисници. Донацијата е наменета за целите на проектот “Копче”.

Што е “Копче”?

„Копче“ е проект создаден за да овозможи поефикасен систем на дистрибуција на облека до лицата во ризик, лесен пристап до облека со ниски цени за сите граѓани со цел да го зачува достоинството на оние кои имаат ниски примања, а не бараат помош, вработување на ранливи целни групи и придонес во зачувување на животната средина.

„Копче“ е целосно еколошки проект бидејќи поттикнува максимално користење на облеката која ја имаат граѓаните и компаниите и нејзина реупотреба. Копче ги поврзува хуманоста, достоинството, трудот, екологијата. Прочитај повеќе на Facebook страната на Копче.

[/col]
[col span=”4″ span__sm=”12″ divider=”0″ padding=”14px 14px 14px 14px” align=”left” bg_color=”rgb(164, 164, 164)”]

Помогни ни да ја прошириме оваа акција.
Сподели ја акцијата или сликата со твојот пакет со донација на Facebook или Instagram со хаштаг #НаправиПовеќе и покани ги твоите пријатели да се приклучат.

[ux_image id=”11008″ height=”75%”]

[/col]

[/row]

Како да се вклучиш?

[row]

[col span=”4″ span__sm=”12″]

1. Селектирај ги парчињата кои сакаш да ги донираш.

Обрни внимание донираните парчиња да не се искинати, оштетени или исфлекани. Со други зборови, доколку ти не би ги користел/а повеќе заради дотраеност, тогаш тие не се за донирање. Донирај ги парчињата кои сѐ уште се употребливи, но не се вклопуваат во твојата гардероба или не ти одговара големината / се мали или големи.
Облеката или обувките кои ги донираш треба да се испрани и чисти.

[/col]
[col span=”4″ span__sm=”12″]

2. Класифицирај ја донацијата според тип.

Од Црвен крст нѐ информираа дека нивната работа се олеснува доколку донацијата е класифицирана и спакувана посебно со соодветни ознаки.
Донираната облека спакувај ја одделно од донираните обувки.
Доколку донираш облека за мажи, жени и деца, сите треба одделно да се спакуваат на:

[/col]
[col span=”4″ span__sm=”12″]

3. Реупотреби ја кесата од paket.mk за пакување на донацијата.

Покрај хуманата акција, наша цел е и да придонесеме за зачувување на животната средина преку реупотреба на хартиените кеси кои ги користиме за пакување на вашите нарачки.
Со почетокот на оваа акција, во кесата од твојата нарачка ќе најдеш флаер и стикери кои треба да ги искористиш за да ја затвориш кесата и да ја означиш соодвентата категорија на донацијата во пакетот.
Кесите предај ги на нашиот доставувач при следната нарачка и ние ќе ги доставиме до Црвен крст каде донираната облека ќе биде вклучена во проектот “Копче”, а кесите реупотребени за пакување на облеката. Откако максимално ќе се искористат кесите, истите ќе бидат рециклирани.

[/col]

[/row]

Што можеш да донираш?

[ux_gallery ids=”10870,10866,10871,10869,10868,10876,10875,10873″ style=”normal” lightbox=”false” width=”full-width” columns=”8″ image_size=”thumbnail” text_align=”center”]

Приклучи се во оваа хумана акција. Сега е полесно од било кога.

[ux_image id=”10991″ width=”46″]

[/section]

Вашата кошничка е празна.