ДОСТАВА ИСТИОТ ДЕН ВО 1-ЧАСОВЕН ТЕРМИН ПО ВАШ ИЗБОР

При испраќање на нарачката селектирате еден од достапните термини (најраниот достапен темин е 90 минути по нарачката). Термините за достава се распоредени од 08:00 до 22:00 часот, од понеделник до сабота и од 10:00 до 20:00 часот во недела.

Кога нарачката може да ми биде доставена?

Достапни 1-часовни термини за достава има секој ден во периодот од 08:00 до 22:00 часот, а во недела од 10:00 до 20:00 часот. Првиот достапен термин е 1 и пол час од испраќање на порачката. На пример, ако нарачате во 9:30 наутро, прв достапен термин за достава е од 11:00 – 12:00 часот истиот ден.

За достава надвор од Скопје, достапни се два 6-часовни термини за достава и тоа 10-16 часот и 16-22 часот.

Дали доставувате во мојата населба/град?

Доставуваме на целата територија на Град Скопје, Петровец, Илинден и Куманово.

Што ако не сум дома при доставата?

При нарачката можете да одберете 1-часовен термин за кој сте сигурни дека вие или некој друг ќе биде присутен за да ја прими нарачката. Непосредно пред извршувањето на доставата ќе добиете СМС порака во која стои предвиденото време за достава.

Колку чини доставата?

Доставата е бесплатна за сите нарачки во износ од 1200 ден. или повеќе. За нарачките чиј износ е помал од 1200 ден, се наплаќа фиксен надоместок за достава во износ од 120 ден.

За доставата во другите градови во Македонија (освен Скопје) се пресметува фиксен надоместок во износ од 150 денари, независно од вредноста на нарачката.

Како се извршува плаќањето?

Плаќањето се извршува преку cPay системот на Касис. Поддржани се сите Visa, Mastercard, Maestro, Diners, како и картичките од домашните брендови.

Потребни ви се дополнителни информации?

Како функционира Paket.mk?
Погледни ги општите правила и услови