Есенско овошје и зеленчук – здравје на дланка

Длабоко навлеговме во есента, па спремни сме за сите овошја и зеленчуци кои што ни ги нуди есента. Кога одбираме овошје и зеленчук во нивната сезона тогаш имаме изобилство квалитетни и целосно узреани плодови, а и нивната цена е многу пониска. Еве неколку факти за есенските овошја и зеленчуци. Јаболко Едно од најпрепознатливите есенски овошја […]

Длабоко навлеговме во есента, па спремни сме за сите овошја и зеленчуци кои што ни ги нуди есента. Кога одбираме овошје и зеленчук во нивната сезона тогаш имаме изобилство квалитетни и целосно узреани плодови, а и нивната цена е многу пониска.

Еве неколку факти за есенските овошја и зеленчуци.

Јаболко

Едно од најпрепознатливите есенски овошја е токму јаболкото.  Јаболката содржат висок процент на витамин Ц и се одлични закуски каде и да сте. За да ги одржите јаболката свежи подолго време, чувајте ги на ладно, суво место во домот. Тие ослободуваат етилен, гас кој што го забрзува зреењето, па затоа чувајте ги подалеку од другите овошја. Доколку сте љубител на јаболка, но не сакате да добијат кафена боја откако ќе ги пресечете, исцедете им лимон, ова ќе ги заштити од потемнување.

Цвекло

Цвеклото може да се комбинира на многу начини. Овој зеленчук ни нуди изобилство од витамини и минерали помеѓу кои, потасиум, магнезиум, фосфор, железо, витамин А, Б и Ц, бета каротен и многу други. Конзумирањето на овој зеленчук помага во намалувањето на крвниот притисок, ја зголемува енергијата и помага при работата на црниот дроб. Одберете цвекло кое е тврдо и мазно, а кога го подготвувате носете ракавици за да не ви ги обои рацете.

Тиква

Уште еден предвесник на ладните денови што следат е тиквата. Ова овошје има ниска масленост, а е полно со растителни влакна, кое ве држи сити подолго време. Исто така тиквата е богата со каротеноиди, кои го штитат организамот од срцеви заболувања, и ја задоволува дневната потреба од витамин Ц. Тиквата чувајте ја на ладно, темно место место во домот, а доколку ја пресечете тогаш чувајте ја во фрижидер.

Портокал

Портокалот е неизоставен дел од многу јадења. Ова овошје е богато со витамин Ц, кој што е неопходен за добар имунитет. Портокалот го контролира крвниот притисок, ја негува кожата и ја одржува млада, го намалува холестеролот и го чува здравјето на вашите очи. Одберете портокал кој што е мазен и тврд, бидејќи тој е посочен од портокалот со сунѓереста структура.

Киви

Кивата е мало тркалезно овошје, со прекрасен вкус и многу здравствени придобивки. Содржи витамин Ц, витамин К, Е, фолат и потасиум. Кивите се исто така моќен антиоксидант и се богати со растителни влакна.

 Калинки

Калинките се навистина моќен антиокстидант, и се извор на многу витамини меѓу кои витамин А, витамин Ц, витамин Е како и фолна киселина. Изненадувачки е што антиоксидантите присутни во калинките се речиси трипати побројни од антиоксидантите во виното и зелениот чај. Јадењето калинки секој ден, или козумирањето на сок од калинки е одлично за имунитетот, помага во борба против дијабет тип 2, го регулира крвниот притисок, ја подобрува меморијата, се грижи за вашите дигестивни органи и ја прави вашата кожа блескава.

Цитрон

Цитронот делува благотворно на човечкиот организам и се смета за едно од најздравите овошја на светот. Цитронот е полн со витамини, минерали и антиоксиданти, ниско калоричен, а полн со хранливи состојки. Витамините кои ги содржи како витамин Ц, витамин А, витамин Б, цинк, железо и многу други, ја подобруваат функцијата на нашиот имунитет  и не штитат од сезонски грип и настинки. Може да се конзумира сиров или цеден кој во комбинација со портокал е вистинска освежителна и здрава бомба.

Банана

Бананите се огромен извор на витамин Б6, кој што е задолжен за да му помага на организмот во создавање на црвени крвни клетки, отстранување на токсини од црниот дроб и бубрезите и одржување на здрав нервен систем. Исто така бананите му даваат енергија на телото и се богати со калиум.

Спанаќ

Спанаќот е неверојатно здрав и има многу придобивки од кознумирањето на овој зеленчук. Спанаќот содржи големо количество на железо како и многу витамини. Спанаќот е богат со зеаксантин и лутеин кои ги штитат нашите очи од штетното влијание на сонцето.

Морков

Морковот се смета за богатство од природата, крцкав, вкусен и исклучително здрав. Морковите се избор на бета каротен, растителни влакна, витамин К1, потасиум и многу други. Го намалуваат холестеролот и го штитат здравјето на очите.

Брокула

Брокулата содржи коктел од здрави и хранливи состојки кои помагаат за благосостојба на нашето тело. Богата е со растителни влакна, а изобилува и со витамини како витамин Ц и К, цинк и селен. Помага во намалување на холестеролот, го подобрува нимунитетот а со тоа ги намалува инфекциите и алергиските реакции. Брокулата покрај витамин К, содржи и голема количина на калциум кои ги штитат коските. Го подобрува здравјето на очите, го забавува процесот на старењее, ја штити кожата од појава на акни и го чисти телото од токсини.

Вашата кошничка е празна.