Греано вино

Традиционалниот домашен рецепт за греано вино е навистина лесен и одзема буквално 5 до 10 минути, но греаното вино е задолжително за ладните есенски и зимски вечери кои ни следуваат. Постојат многу варијации и дозволено е да експериметирате. Ммммм… Повелете рецепт. [row style=”divided”] [col span=”1/3″ ] Потребни состојки: Вино. Секое суво црвено или бело вино […]

Традиционалниот домашен рецепт за греано вино е навистина лесен и одзема буквално 5 до 10 минути, но греаното вино е задолжително за ладните есенски и зимски вечери кои ни следуваат.

Постојат многу варијации и дозволено е да експериметирате. Ммммм… Повелете рецепт.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Потребни состојки:

Вино. Секое суво црвено или бело вино одлично ќе се искомбинира со останатите состојки за варење.

Свеж портокал. Сечкаме парченца портокал за поубав вкус на греаното вино.

Цимет. Дали стапчиња или пак мелен, циметот е неизоставен дел од греаното вино.

Засладувач. Додадете засладувач по вкус. Шеќерот како основен засладувач, може да се замени со мед или јаворов сируп.

Ликер. Доколку сакате, може да го додадете вашиот омилен ликер во виното.

[/col]

[col span=”2/3″ ]

Начин на подготовка:

  1. Искомбинирајте ги сите состојки и измешајте ги.
  2. Грејте го виното додека не достигне температура на вриење. Потоа намалете ја температурата и оставете го виното најмалку 15 минути.
  3. Процедете го виното, така што ситните состојки ќе останат во цедалката.
  4. Послужете и декорирајте по ваш вкус.

 

Сакате да експериментирате? Ова се само неколку опции.

Наместо црвено, употребете суво бело вино.

Ставете кесичка чај по избор во виното, но доколку го пиете доцна навечер, нека биде без кофеин за да не ви го наруши сонот.

Додадете овошен сок по избор.

Уживајте.

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш на Paket.mk:

  • -10%

Вашата кошничка е празна.