Хумус

Хумус 10 минути | 6 лица Кога мислите на здрава закуска, тогаш сигурно прво што ви паѓа на памет е хумус. Богат со протеини и влакна, лесен и неверојатно вкусен. Најчесто се мачка на леб, меѓутоа е одлична комбинација и со свеж зеленчук. [row style=”divided”] [col span=”1/3″ ] Потребни состојки: 500гр наут (зготвен, зачувајте малку […]

Хумус

10 минути | 6 лица

Кога мислите на здрава закуска, тогаш сигурно прво што ви паѓа на памет е хумус. Богат со протеини и влакна, лесен и неверојатно вкусен. Најчесто се мачка на леб, меѓутоа е одлична комбинација и со свеж зеленчук.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Потребни состојки:

500гр наут (зготвен, зачувајте малку од течноста и неколку цели зрна)
2 чешниња лук, излупен и исецкан
1 лажичка сол
½ лажичка кумин
3 лажици тахини (паста од сусам)
2 цедени лимони
3 лажици екстра девствено масло
1 китка магдонос
1 лажичка црвен пипер

[/col]

[col span=”2/3″ ]

Начин на подготовка:

  1. Доколку употребувате сув наут потребно е да го зготвите. Потопете го наутот заедно со ½ лажичка сода, во топла вода и нека отстои така 12 часа. Потоа исплакнете го и исушете го наутот. Зовријте вода и варете го наутот на ниска температура, околу 2 часа. Откако ќе се свари, исушете го и оставете да се излади. Зачувајте ја водата во која го варевте наутот.
  2. Испасирајте го наутот во блендер, а притоа додадете 3 лажици од водата.
  3. Ставете го претходно излупениот и исецкан лук во толчник, додадете сол и кумин и толчете се додека не добиете паста. Потоа додајте ги тахини пастата и цедениот лимон.
  4. Послужете го хумусот во мала чинија. За декорација додадете неколку цели зрна наут, малку маслиново масло, посолете црвен пипер и додадете магдонос.
  5. Уживајте!                                                                                                                                                                             [/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш на Paket.mk:

Вашата кошничка е празна.