Идеи за брзо мезе за Halloween

Последниве неколку години, Ноќта на вештерките стана популарна и кај нас. Сето тоа лудило од бои, костими и страшни декорации, го привлекува вниманието и те прави маѓепсан колку и да се трудиш да останеш имун и недопрен од ова. Па, ако годинава одлучи да се препуштиш на забавата и да ја покажеш твојата креативност за […]

Последниве неколку години, Ноќта на вештерките стана популарна и кај нас. Сето тоа лудило од бои, костими и страшни декорации, го привлекува вниманието и те прави маѓепсан колку и да се трудиш да останеш имун и недопрен од ова.

Па, ако годинава одлучи да се препуштиш на забавата и да ја покажеш твојата креативност за тематска забава по повод Ноќта на вештерките, макар и тоа да е само филмски маратон на страшни филмови, еве ти неколку ооодлични идеи за мезе. Сигурни сме дека со овие брзи, привлечни и тотално уникатни закуски, ќе ги воодушевиш твоите гости, а ти ќе изгледаш како Број 1 домаќин.

Спајдер мини пици

Пицата не за чудо е првата храна на која повеќето помислуваат кога станува збор за собирање со друштвото во домашна атмосфера. А ако си од оние што целото задоволство на подготовка сакаат да го чуваат за себе и се спремни на подготовка на пицата од 0, еве го нашиот предлог за пица ala Halloween.

Постапка:

  • Загреј ја рерната на 450°C (или на најјако)
  • На плех за печење стави хартија за печење и тргни ја настрана
  • Од тестото за пица со модла круг исечи колку што можеш кругчиња и постави ги на плехот
  • Во длабок сад заедно измешај ги доматниот сос, доматното пире, зачините и балсамикото. Со оваа смеса премачкај ги кругчињата тесто
  • На секое кругче стави парче фета сирење и стави го плехот во рерната. Кога тестото ќе добие златна боја а сирењето ќе се растопи, извади ги од рерна
  • Врз секое кругче нареди маслинки во форма на пајак
Извор: www.reciperunner.com

Ококорени полнети јајца

Фан си на полнети јајца? Овој брз рецепт може да го претвориш и во хит за Halloween со неколку трикови и совети од нас. Најпрво погрижи се дека ги имаш сите потребни состојки и засукај ги ракавите, ќе ти требаат цееели 15-20 минути за ова. 🙂

Постапка:

  • Свари ги јајцата па пресечи ги на половина.
  • Извади ги жолчките од јајцата и во длабок сад испасирај ги и измешај ги со пестото или кари пастата и мајонезот. Посоли со сол и бибер.
  • Половинките од белка наполни ги со добиената смеса и постави зрна бибер како очи.
  • По желба можеш да нацрташ и “вени“ со помош на прехрамбена боја.
Извор: www.happyfoodstube.com

Слатко солени мини тикви

А ако навистина не те бива за готвење или воопшто не сакаш да се предизвикуваш во кујна, го претставуваме најлесниот и најбрзиот “рецепт“ за мезе за Ноќта на вештерките. Ти требаат само 2 состојки што сигурно ги имаш дома и неколку минути.

Постапка:

  • Излупи ги мандарините
  • Исецкај ја краставичката со лушпа, на тенки правоаголни парчиња до должина од 1-2cm
  • Стави ја краставичката од горниот дел на мандарината.
  • Тадааам!
Извор: www.flawlessfood.co.uk

Маска од тортиља

Ветивме лесни и брзи рецепти што 100% ќе му се допаднат на твоето друштво , но ветивме и дека ќе ја претвориме твојата трпеза за Ноќта на вештерките креативна, уникатна и мноооогу вкусна. Па, ако пивото е на мени за оваа вечер, ништо не прави добар дуел како комбо од тортиља и топен кашкавал.

Постапка:

  • Половина од тортиите со помош на нож изрезбај ги за да добиеш лик на маска или на изрезбана тиква. Другата половина нека останат цели
  • Во плех за печење постави хартија за печење.
  • Изрендај го кашкавалот.
  • На плехот постави цела тортиља кора, врз неа стави рендан кашкавал и покриј го со изрезбаната тортиља.
  • Стави да се потпече во претходно загреана рерна.
  • Откако кашкавалот ќе се растопи а тортиљата ќе добие боја, извади и послужи.
Извор: www.onelittleproject.com/

И да не се одлучиш да го правиш ова на 31.10, веруваме дека некои од рецептите ти фатија око и ќе ги испробаш и во некој друг ден, кога нема сѐ да биде преплавено со тикви и плашила 🙂 А ако сепак ќе те инспирираме за викенд тематска забава со пријателите или семејството и пробаш нешто од погоре напишаното, чекаме фотка. 🙂

Вашата кошничка е празна.