Како да ја аранжирате совршената даска со сирење

Ајде да зборуваме за СИРЕЊЕ! Бело, традиционално, плаво, данско, меко или портокалово…секакво сирење! Живееме во земја каде оваа намирница е неизоставен дел од било кое мезе или оброк и верувам дека и вие со голема радост сакате да го поставите на маса кога и да имате гости. Особено во овој дел од годината каде есенските […]

Ајде да зборуваме за СИРЕЊЕ! Бело, традиционално, плаво, данско, меко или портокалово…секакво сирење!

Живееме во земја каде оваа намирница е неизоставен дел од било кое мезе или оброк и верувам дека и вие со голема радост сакате да го поставите на маса кога и да имате гости. Особено во овој дел од годината каде есенските вкусови се неодоливи и ги држат сите на маса.

Мезето што вклучува било каков вид на сирење е суштински елемент на 99% од било кој собир, празник или пак обична петочна вечер по дома заедно со пријателите. Сигурни сме дека неколку пати сте се обиделе да направите централно мезе на даска што на слика од интернет изгледа рустично, деликатесно и мнооогу фенси. Ние сме овде да ви помогнеме да ја скоцкате вашата мезе даска со сирење што ќе изгледа инстаграмично со неколку едноставни чекори.

И да – оваа објава е насловена како „како да ја аранжирате совршената со сирење“, но можете да ги следите овие основни чекори за да направите комбинација на било каква храна на даска за забава!

Чекор 1: Започнете со големите елементи – здели и сирење

Започнете со работите што зафаќаат најмногу простор на даската со сирење – сè друго ќе ставите во празните места подоцна! Би било добро доколку имате најмалку 3 видови на сирење што ќе ги поставите на даската. Секогаш бирајте сирење што лесно се боцка и се конзумира (избегнувајте екстра суво сирење што се рони или пак екстра кремасто сирење што лесно се гмечи). Наш предлог е плаво сирење, пармезан, бри и можеби чедар. Зделите се овде да го додадат оној “кремаст“ вкус во забавата. Во нив сместете ги сосовите или пак комбинирајте ајвар и малиџано – плус, висината и тркалезната форма помагаат да се “разигра“ даската за сирење за да биде позабавна за гледање.

Чекор 2: Додадете месни деликатеси, леб и/или крекери

Време е да додадете нови деликатесни вкусови со внимателен избор на сувомеснати производи. Со сирење секогаш добро одат преработките од свинско и/или говедско месо. Па така, нема да погрешите ако искомбинирате говедска пршута со свински чаден колбас. Месото можете да го наредите на неколку различни начини: како едноставна “инка“ (заштедувате време ако се брзате), наредено во линија или полукруг (најдобро функционира на големи даски бидејќи ова зафаќа повеќе простор) или со виткање поголеми парчиња во забавни форми (зазема помалку простор и изгледа интересно). Додадете ги крекерите според вкус и парчињата леб. За ваков тип на даски, секогаш користете свежо испечен леб. Крцкавата кора и мекото тесто совршено ќе се вклопат со остатокот од вкусовите.

Чекор 3: Пополнете го просторот со јаткасти плодови и овошје

Сега кога големите елементи се на нашата даска со сирење, време е малку да се забавуваме и да почнеме да ги пополнуваме празнините! Ова е моментот каде даската со сирење навистина почнува да се добива изглед (и каде што го постигнувате WOW факторот што ќе ги натера вашите гости да ве замолат да ги научите на оваа вештина!)

Имате целосна слобода кога станува збор за овошјето, но најдобра комбинација со сирење и месни деликатеси се секако грозјето, смоквите, урмите, сливите и секако дињата (ако е во сезона). Кога станува збор за јаткастите плодови, овде навистина изборот е голем а што и да искористиш ќе изгледа одлично.

Чекор 4: Додадете маслинки и зелена салата или зеленчук

Не треба да ги заборавите маслинките како ултимален пар на било кој вид на сирење и месен деликатес. Зелени, црни, без семка или сушени – изборот е ваш. А нема да погрешите и да споите неколку видови на иста даска. Деловите од даската што ќе ви останат празни, пополнете ги со зелена салата, рукола или спанаќ. Освен што ќе додаде боја и вибрација на целиот концепт, зеленчук како ленти морков или црвена бабура исечена на крупни коцки се вклопува идеално и со останатите намирници. Наш предлог е да искористите и кисели краставички како комбинација за сувомеснатите деликатеси.

Чекор 5: Изберете го вистинското вино

И сѐ ова не би го постигнало заслужениот ефект ако не е искомбинирано со вистинската сорта на вино. Овој чекор е навистина дискутабилен затоа што сепак се работи за вкус, но ако одиме според препораките на експертите, во комбинација со сирење, најдобро е да уживате во бело вино од сортите Pinot Noir, Sauvignon Blanc или Riesling. А доколку по дома се наоѓа и добро розе вино или шампањ – ветуваме исто толку добро гастрономско уживање.

Предлог намирници што можеш да ги набавиш од Paket.mk

  • -20%
  • -20%
  • -14%
  • -14%
  • -25%
  • -9%
  • -8%
  • -10%

Вашата кошничка е празна.