Како да организираш безбедно скара дружење?

Шпицот на летото обично значи големи забави, собиранки, излети и продолжени викенди, но мерките за социјална дистанца сè уште се неопходни. Затоа собиранките оваа година ќе изгледаат многу поразлично. Експертите советуваат дека забавите треба да се организираат на отворено, а со гостите кои не се дел од сопствениот „меур“ (членови на блиското семејство) потребно е […]

Шпицот на летото обично значи големи забави, собиранки, излети и продолжени викенди, но мерките за социјална дистанца сè уште се неопходни. Затоа собиранките оваа година ќе изгледаат многу поразлично. Експертите советуваат дека забавите треба да се организираат на отворено, а со гостите кои не се дел од сопствениот „меур“ (членови на блиското семејство) потребно е да одржувате дистанца од најмалку два метра. Доколку сакате да организирате скара на отворено, потребно е да направите неколку работи за да обезбедите сигурно и удобно дружење за сите.

Обезбедете сигурен ланец на храната

Прво и најважно, размислете кој ќе ја подготвува храната. Гледајте да определите еден човек кој ќе биде „дежурен скараџија“. Тој/таа треба да биде здрав/а и без никакви симптоми на коронавирусот. „Осигурајте се дека никој кој има контакт со храната, вклучувајќи набавка, подготовка, готвење и служење, не покажува никакви симптоми на коронавирус и немал контакт со заболено лице.“ советува Џон Лојд од Odeen’s BBQ.

Бидете на отворено

Пред да почнте со канење и планирање на менито, убаво испланирајте како ќе организирате дружење на отворено. „Отворениот простор е побезбеден од затворениот, бидејќи постојано циркулира свеж воздух кој ги отстранува капките и аеросолите кои може да содржат вируси. Кога сте внатре, постои ризик дека кружењето на воздухот може да го распространи вирусот кој е присутен во воздухот и да зарази други луѓе.“ вели д-р Сара Хохман, специјалист за инфективни болести. Земете ја во предвид временската прогноза и известете ги гостите за евентуалните најави за дожд. Најмалку што сакате е да поканите гости во број кој е соодветен за дружење во дворот, а поради расипување на времето да морате да ги поканите внатре или да ги сместите под стреа. Тоа може да предизвика гужва и ризик за пренесување на болеста. Што се однесува до распоредот на седење, наместете посебни маси за секој „меур“ и поставете ги на два метра одалеченост, така што секој би можел да биде опуштен и да се забавува на дистанца.

Поставете реални очекувања

Осигурајте се дека сите поканети се свесни за ситуацијата и дајте им до знаење дека превземате посебни мерки кои мора да ги почитуваат. „Бидете сигурни дека вашите гости немаат симптоми на покачена температура, кашлица или отечено грло.“ советува д-р Хохман. Замолете ги гостите да носат маска при пристигнувањето и информирајте ги за вашите планови за социјална дистанца. Размислете и за ситуацијата со тоалетот — замолете ги гостите да се движат низ вашата куќа носејќи маска и темелно да дезинфицираат пред и по користењето.

Обезбедете маски

Носењето на маска во сред лето не е најудобно, но е неопходно за да обезбеди сигурност и да се превенира ширење на вирусот. Доколку сакате дополнително да ги стимулирате посетителите да носат маска, направете специјален дизајн користејќи интересни и хумористични мотиви, или дизајн со порака соодветна на пригодата. Интересни идеи за дизајнот може да најдете на RedBubble, а маски со custom дизајн во Македонија може да набавите од MedicusHelp. Исто така, потребно е да поставите антисептички гелови и антисептички влажни марамчиња на секоја од масите.

Внимателно составете го менито

Скара на отворено обично значи заеднички чипсови, макала и намази, или заеднички салати и послужавници со месо за секој да земе што сака. Неретки се и ситуациите кадешто се служи пунч или „бунар“ во големи шерпи. Поради Covid-19 друштвените „ќе делиме“ концепти на служење на храната се дел од минатото. „Шведските маси и самопослугата не се прифатливи во оваа ситуација“ вели Лојд. Наместо тоа, тој предлага оброци расоредени во чинија за секој гостин со што би се намалил директниот контакт на гостите со храната, но и помеѓу самите гости.

За вашето скара мени, служете посебен чипс во мало пакување за секој гостин, подготвени бургери, парчиња месо и сендвичи во посебни чинии кој гостинот ќе може брзо да ги превземе. Салатите и компирите служете ги во мали пластични чаши или чинии.

 

*Напомена: Овој текст не е официјално упатство и не се темели на научни докази и истражувања. Содржината на овој текст не е упатство за однесување, а препораките земете ги со значителна претпазливост и споредувајте ги со официјалните препораки за ситуацијата. За повеќе информации и препораки посетете ја официјалната страница за Covid-19 на Министерството за здравство: koronavirus.gov.mk

[gap]

[ux_image id=”70634″ link=”/product-tag/letna-skara/”]

Вашата кошничка е празна.