Како да организирате совршен пикник

Есента штотуку пристигна па есенското уживање може да започне. Иако есента е дождливо годишно време, сепак нѝ нуди и многу сончеви и топли денови. За да уживате во боите на есента, организирајте пикник. Еве неколку совети како да го организирате вашиот пикник, а притоа целосно да се опуштите и да поминете незаборавни моменти со семејството […]

Есента штотуку пристигна па есенското уживање може да започне. Иако есента е дождливо годишно време, сепак нѝ нуди и многу сончеви и топли денови. За да уживате во боите на есента, организирајте пикник. Еве неколку совети како да го организирате вашиот пикник, а притоа целосно да се опуштите и да поминете незаборавни моменти со семејството и пријателите.

Како да ја транспортирате храната?

Топла храна. Наместо да ја префрлате храната во друг сад, нека остане во садот во којшто сте ја готвеле. Доколку садот има капак и рачки, протнете крпа низ рачките и врзете ја. Така вашиот сад со топла храна ќе биде безбеден за транспорт.

Варени јајца. Доколку сакате да понесете варени јајца, не ви е потребен специјален сад за јајца. Едноставно, ставете ги јајцата во калапи за мафини.

Носете две корпи. Една корпа за храна и прибор, и ладилник за ладната храна и пијалаците.

Спакувајте ја корпата со храна по обратен редослед. За да си олесните, ставете ги работите коишто ќе ви требаат веднаш откако ќе пристигнете, најгоре. Храната ставете ја на дното, потоа приборот и на крај, чаршавчето.

Немате корпа за пикник? Без грижи. Спакувајте ги работите во картонска кутија, пластична кутија или пак ранец.

Понесете кеси.  Соберете го сето ѓубре кое што ќе го направите за време на пикникот. Грижете се за околината.

Како да ја одржите храната ладна?

Фрижидерчето треба да содржи околку 25% мраз и 75% храна. Ставете го мразот на дното и од страните на фрижидерчето. Потоа, сместете ја најтешката и конзервирана храна, а најгоре ставете ги полесните работи.

Ладната храна од фрижидер, ставете ја директно во фрижидерчето за пикник.

Полн фрижидер ќе одржува ниска температура подолго време. Одберете фрижидерче со соодветна големина, а доколку ви остане простор, додадете мраз.

Големи парчиња мраз се топат побавно од коцки мраз. Ако планирате подолго да останете на пикник, употребете парчиња мраз наместо коцки.  Едноставно наполнете со вода празни кутии од млеко, и замрзнете ги.

Избегнувајте мајонез или сладолед. Ваквите продукти може да се расипат или пак да се стопат.

Како да се подготвите за скарата?

Спакувајте го местото и рибата оделно од останатата храна. Спакувајте ги во кутии или во зип кеси.

Немојте делумно да ја готвите храната дома за да го забрзате подготвувањето на пикникот. Делумно подготвената храна е совршена за ширење на бактерии.

Топлата храна треба да се чува на температура од околу 60⁰C и треба да се јаде најмногу два часа откако ќе биде готова.

Сега сте подготвени за совршен есенски пикник. За да биде пикникот уште позабавен, може да организирате некои игри и активности во кои сите ќе уживаат.

На Paket.mk одбравме некои производи кои совршено ќе се вклопат во вашиот пикник. На дел од производите додадовме попуст и до 20% кој ќе трае до 15ти октомври. Погледни ја понудата и нарачај си веднаш.

Вашата кошничка е празна.