Како да препознаете дали авокадото е зрело?

Најверојатно многумина од вас се прашуваат како изгледа совршено зрело авокадо. Процесот на избирање совршено авокадо всушност претставува еден вид на вештина, па зошто да не станете професионалци. Допирот ја игра најважната улога во целиот процес. Кога ќе го допрете авокадото за да проверите дали е зрело, не притискајте со прстите, туку земете го во […]

Најверојатно многумина од вас се прашуваат како изгледа совршено зрело авокадо. Процесот на избирање совршено авокадо всушност претставува еден вид на вештина, па зошто да не станете професионалци. Допирот ја игра најважната улога во целиот процес. Кога ќе го допрете авокадото за да проверите дали е зрело, не притискајте со прстите, туку земете го во рака и нежно стиснете.
Доколку сепак не успеете да го одберете совршеното авокадо, не очајувајте, има неколку работи кои што може да ги направите. Чувајте го надвор од фрижидер се додека на узрее, a кога ќе биде спремно за јадење складирајте го во фрижидер или ставете го во близина на некое друго овошје кое што ослободува етилен, како на пример банани или домати. За побрзо да узрее најдобро е да го чувате во затворен сад заедно со овие овошја.

Авокадото како и секое друго овошје поминува низ неколку фази пред да стане зрело и спремно за јадење.

 

Фаза број 1. Зелено

Авокадото е тврдо и има светло зелена боја, а внатрешноста е бледо зелена. Ваквото авокадо е многу тврдо и тешко е да ја одделите внатрешноста од лушпата или пак да ја извадите семката. Има малку горчлив вкус, а може да биде и малку крцкаво.


Фаза број 2. Зрело

Авокадото има темно зелена боја која може да варира во нијанси, но правилото е следно ,,Колку потемно, толку позрело’’. Внатрешноста исто така има појака зелена боја, но има и некои посветли делови. Околу дршката е бело или светло зелено. Кога авокадото е потполно зрело добива на тежина, но е цврсто и малку омекнато.


Фаза број 3. Презреано

Понекогаш иако совршено на изглед, откако ќе го пресечете авокадото ја нема посакуваната жолто – зелена боја. Ваквото авокадо има кафеаво – зелена боја и е премногу меко на допир, а понекогаш може и да поцрни околу дршката.


 

Понекогаш авокадото може да потемни од некои други причини

Во зависност од тоа што го предизвикало поцрнувањето, можеби сѐ уште има надеж за вашето авокадо.

Оксидација

Откако ќе го пресечете, авокадото почнува да потемнува како резултат на оксидација. Доколку се случи ова, отстранете го темниот дел и слободно јадете го.

Згмечување

Никогаш нема да знаете како било чувано авокадото пред да го купите. Многу нешта може да предизвикаат гмечење на авокадото, оставајќи кафеави траги на лушпата и внатрешноста. За да избегнете згмечување, чувајте го авокадото на место каде што нема да има други производи над авокадото кои со својата тежина и форма ќе предизвикаат згмечување. Доколку вашето авокадо е згмечено, отстранете ги кафеавите траги и јадете го останатиот дел.

Промена на температура

Доколку го чувате авокадото на место каде што е топло, а потоа откако ќе узрее го ставите во фрижидер, можно е да се појават црни или кафени точки како резултат на промената на температурата. Иако не изгледа баш убаво, авокадото сѐ уште може да се јаде, само отстранете ги местата каде што се појавиле точките.

Вашата кошничка е празна.