Стани Соработник за Category Management во Paket.mk и расти заедно со нас!

Прочитај ги условите и аплицирај веднаш со пополнување на формуларот подолу.
Огласот е отворен до пополнување на позицијата.

Прашања и повеќе информации на jobs@paket.mk

Почетната плата е 20.000 МКД, а ќе се зголемува согласно искуството, перформансите и прикажаниот талент.

За позицијата

Paket.mk е онлајн супермаркет кој воедно е и најбрзо растечката интернет продавница во Македонија. Погледни ја на www.paket.mk

Имаме потреба од исклучително мотивиран и талентиран Соработник за Category Management кој ќе управува со категориите на производи во Paket.mk. Соработникот ќе биде задолжен за:

  • Селекција и предлагање на нови производи
  • Менаџирање на добавувачите
  • Управување со цените и ценовната политика
  • Развивање и имплементирање на исклучително ефикасна стратегија на категории
  • Управување со финансиските перформанси на категориите преку ценовна политика, намалување на трошоци и паметно набавување и управување со количините
  • Редовни набавки и поврат на ефикасен и ефективен начин со цел добивање на најдобрите производи по најдобрата можна цена
  • Редовна координација со магацинот со цел детектирање и решавање на евентуални грешки и проблеми
  • Редовна координација со маркетинг тимот со цел обезбедување на атрактивни понуди и кампањи и континуирано подобрување на корисничкото искуство
  • Следење и известување за соодветните KPIs (остварена маржа, брзина на обрт, корисничко задоволство, комплетност на асортиманот и слично), како и предлагање на стратегии и планови за подобрување
  • Редовна комуникација со менаџментот за адресирање на сите аспекти од набавките, пазарните трендови, ценовната политика и асортиманот

Потребни вештини и искуство

  • Се однесува како „сопственик“ кој има целосна слика за внатрешните и надворешните фактори кои влијаат на бизнисот
  • Има темелно познавање на сезонските промени и глобалните трендови и иновации; и континуирано ја опсервира конкуренцијата и новините во индустријата
  • Координација со останатите членови на тимот и постојана комуникација со добавувачите со цел изградба и оддржување на блиски односи
  • Работа во брза и динамична средина и следење на кратки рокови
  • Анализирање на податоци со цел откривање на бизнис можности и подобрување на продажбата и профитабилноста

Би било одлично доколку

  • Имаш искуство во малопродажба, посебно со FMCG производи
  • Знаеш да работиш истовремено со повеќе задачи и приоритети
  • Докажано аналитичко знаење и добри математички способности
  • Стекнато комерцијално искуство во брза и динамична средина
  • Извонредни комуникациски и меѓучовечки вештини, вклучувајќи одлични вештини за пишување и зборување

Поволности кои ги добиваш

  • Работа од канцеларија
  • Можност за флексибилно работно време
  • Вработување со фиксен месечен надоместок со осигурување и придонеси на целиот износ
  • Тековни обуки, усовршување и голема можност за напредок

Ние веруваме дека вработувањето на разновидни лица е клучно за нашиот успех, така што нашите одлуки за вработување се базирани на вашето искуство и вештини. Добредојдени се апликации од сите членови на заедницата, без разлика на возраст, пол, попреченост, сексуална ориентација, раса, етничка припадност, религија или вера.

Датум на раѓање:

Дали имате претходно искуство во трговија?

ДаНе

Дали поседувате важечка возачка дозвола со Б категорија?

ДаНе

Дали во моментов работите?

Ве молиме прикачете го вашето CV. (Дозволен формат е .pdf со максимална големина од 10MB)

Дали против Вас се води некаква кривична или прекршочна постапка или е донесен правосилен кривичен акт?

ДаНе

Со испраќање на овој формулар аплицирате за работа во Paket.mk. Податоците кои ги испраќате мора да бидат точни и веродостојни.

Како дознавте за овој оглас?

Преку FacebookПреку огласник за работаПреку објава на вебсајтПреку пријателПреку вработен од Paket.mkПреку поранешен вработен од Paket.mk

Вашата кошничка е празна.