Кори со фета и мед

40 мин. | 170 ден. | 4-6 лицa Ако си љубител на контрастни вкусови и сакаш да пробаш слатко – солена комбинација, ова е рецептот за тебе. Крцкави кори со фета сирење прелиени со мед е наша препорака за предјадење или лесен ручек. Ги спремаш 20 минути, ги печеш уште 20, ги јадеш за 5. […]

40 мин. | 170 ден. | 4-6 лицa

Ако си љубител на контрастни вкусови и сакаш да пробаш слатко – солена комбинација, ова е рецептот за тебе. Крцкави кори со фета сирење прелиени со мед е наша препорака за предјадење или лесен ручек. Ги спремаш 20 минути, ги печеш уште 20, ги јадеш за 5.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

450гр здробено фета сирење
1 јајце
1 лажичка оригано
1 лажичка бибер
250гр кори за баклава
115гр стопен путер
Сусам
Мед

[/col]
[col span=”2/3″ ]

Подготовка:

  1. Загреј ја рерната на 200ºC и подготви тава со хартија за печење.
  2. Во сад, стави ги фета сирењето, јајцето, ориганото и биберот и добро измешај.
  3. Исечи ленти од корите за баклава со димензија отприлика 30cm x 10cm.
  4. Стави три ленти кори за баклава една над друга, премачкуваќи со стопениот путер помеѓу секој слој.
  5. Стави полна лажица од фета миксот на долниот десен агол на лентата и преклопувај ја лентата во триаголници.
  6. Стави ги триаголниците на хартијата за печење. Премачкај ги со стопениот путер и попрскај ги со сусам.
  7. Повторувај го процесот сѐ додека не ги искористиш сите кори и фета миксот.
  8. Стави ги фета триаголниците да се печат 15-20 минути или додека не станат крцкави и добијат златна боја.
  9. Извади ги испечените триаголници од рерна и прелиј ги со малку мед.
  10. Уживај!

[/col][/row]

 

 

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk

 

Оди на Paket.mk

Вашата кошничка е празна.