Крцкави стапчиња со сусам и пиво

Домашно подготвените грисини никогаш нема да здосадат или пак да останат заборавени во некоја фиока во кујна. Било да се со моцарела, лук или пак неколку вида зачини, ваквите закуски се одлично решение за појадок или за мезе со омилените сосови. Знаете дека секогаш сме расположени да ви дадеме лесно, брзо и вкусно решение за […]

Домашно подготвените грисини никогаш нема да здосадат или пак да останат заборавени во некоја фиока во кујна. Било да се со моцарела, лук или пак неколку вида зачини, ваквите закуски се одлично решение за појадок или за мезе со омилените сосови. Знаете дека секогаш сме расположени да ви дадеме лесно, брзо и вкусно решение за неодоливо мезе, па овој пат играта ја носиме на сосема друго ниво. Ќе правиме крцкави стапчиња со сусам и пиво.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 жолчка
  • 200 мл маслиново масло
  • 200 мл темно пиво
  • 100 гр сусам
  • 1 белка од јајце за премачкување

Постапка:

  • Во длабок сад измешајте ги брашното, пецивото и солта. По желба можете да додадете и зачини како оригано, буковец или ким.
  • Додадете го маслото, жолчката и пивото и замесете тесто. Доколку е потребно додадете уште малку брашно. Тестото треба да биде мазно.
  • Оформете топка и оставете го тестото 10 минути.
  • Истегнете го тестото во коцкеста кора, премачкајте со белка од јајце и посипете го сусамот одозгора.
  • Кората исечете ја на ленти широки 1,5cm и оформете ги по желба. Можете да ги исукате во мали цилиндри или пак да ги извиткате во спирала.
  • Префрлете ги во тава со хартија за печење и ставете ги во претходно загреана рерна на 200 °C.
  • Печете 20 минути.
  • Извадете ги и оставете да оладат пред да се послужат.

Грисините се одлични како мезе за со пиво. Погледнете ја нашата импресивна колекција на домашни и странски пива и испланирајте ја следната забава со домашните или пријателите. Искомбинирајте ги со хумус и маслинки и уживајте во лесните, крцкави и прееедобри домашни стапчиња. Ако ве освоивме со овој брз и лесен рецепт, чекаме коментари и сугестии подолу.

За овој рецепт ти се потребни овие намирници од Paket.mk

Вашата кошничка е празна.