Најслатките десерти се со Baileys

Вистинските љубители на слатки барем еднаш во животот пробале десерт со Baileys. Единствениот вкус на ирскиот крем им дава посебен шарм на сите слатки, а посебно на оние кои ги подготвувате дома за најблиските. Доколку се двоумите што следно да подготвите за десерт, еве две идеи кои со сигурност ќе ви го олеснат изборот. Baileys […]

Вистинските љубители на слатки барем еднаш во животот пробале десерт со Baileys. Единствениот вкус на ирскиот крем им дава посебен шарм на сите слатки, а посебно на оние кои ги подготвувате дома за најблиските.

Доколку се двоумите што следно да подготвите за десерт, еве две идеи кои со сигурност ќе ви го олеснат изборот.

Baileys Volcano

Потребни состојки:

  • 50 ml Baileys Irish Cream
  • 2 големи коцкасти чоколадни браунис колачиња
  • 40 ml чоколаден прелив или топено чоколадо
  • Малини за декорација

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги браунис колачињата во чинија едно врз друго и моделирајте ги налик на вулкан. Во средината направете вдлабнатина која подоцна ќе ја наполните.
  2. Во дупката која ја направивте ставете чоколаден прелив или топено чоколадо. Потоа додадете Baileys Irish Cream.
  3. Додадете ги малините и уживајте!

Видео со рецептот погледнете на линкот:


Baileys French Toast

Потребни состојки:

  • 100мл Baileys
  • 2 јајца
  • 30мл млеко
  • 4 парчиња леб
  • 40гр путер
  • Шлаг, малини, капини и шеќер во прав за декорација

Начин на подготовка:

  1. Постапката е слична како за пржени лепчиња. Се матат двете јајца, се додава млекото и Baileys кремот и се меша за да се добие убава смеса.
  2. Лепчињата се потопуваат во смесата и се остваат неколку минути.
  3. На оган се топи путерот на среден оган и се ставаат лепчињата да се испржат.
  4. Се сервира во чинија и се декорира со шлаг и многу овошје. За крај, по избор може да се додаде и чоколаден прелив и шеќер во прав.

Видео со рецептот погледенте на линкот:

Baileys Choco Mousse

Потребни состојки:

  • 200 ml Baileys Irish Cream
  • 2 јајца (поделени жолчки од белки)
  • 150 гр. Темно чоколадо (ситно исецкано)
  • 1 лажица несолен путер
  • 250 ml слатка павлака
  • Рендано чоколадо за декорација

Начин на подготовка:

  1. Изматете ги белките со миксер во еден сад.
  2. Загрејте ја слатка павлака и прелијте ја врз исецканото чоколадо, додадете Baileys Irish Cream и промешајте. Ставете ја оваа смеса во микро или пак на тивок оган. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.
  3. Додадете ги жолчките и повторно убаво измешајте.
  4. Постепено, со лажица додадете ги претходно изматените белки и мешајте додека добиете еднаква смеса.
  5. Добиената смеса ставете ја во чаши за послужување и добро оладете.
  6. На крај декорирајте со шлаг и изрендано чоколадо.

Видео со рецептот погледнте на линкот:

Повеќе рецепти за вкусни кафиња, коктели и десерти со Baileys погледнете тука:

Вашата кошничка е празна.