Највкусните есенски коктели со рум

Првата помисла кога ќе се спомне рум, најчесто е освежителен летен коктел, идеален за на плажа, но румот е пијалак во кој несомнено може да се ужива во секоја сезона, како чист или во коктел.Во продолжение ви даваме неколку предлог лесни, есенски коктели со разлилни видови на рум во кои со сигурност ќе уживате и […]

Првата помисла кога ќе се спомне рум, најчесто е освежителен летен коктел, идеален за на плажа, но румот е пијалак во кој несомнено може да се ужива во секоја сезона, како чист или во коктел.
Во продолжение ви даваме неколку предлог лесни, есенски коктели со разлилни видови на рум во кои со сигурност ќе уживате и во дождливите денови кои ни следат. 

Dark & Stormy

Потребни состојки

Ginger beer 100мл
Captain Morgan Dark 40мл
Парче лимета

Во висока чаша со лед додадете ginger beer, па потоа Captain Morgan Dark. Промешајте и декорирајте со парче лимета.

Painkiller

Потребни состојки

Captain Morgan Gold 40мл
Сируп од кокос 15мл
Сок од ананас 50мл
Сок од портокал 50мл

Додадете ги сите состојки во шејкер и шејкајте 10-15 секунди. Процедете го коктелот во висока коктел чаша и декорирајте со рендано морско оревче и парче ананас по желба.

Mandarine daiquiri

Потребни состојки

Captain Morgan White 40мл
Сок од свежа лимета 25мл
Шеќерен сируп (шербет) 20мл
Свежа мандарина

Во шејкер изгмечете неколку парчиња свежа мандарина, потоа додадете ги останатите состојки. Додадете лед и шејкајте 10-15 секунди. Процедете го двојно коктелот во коктела чаша. Декорирајте со стапче цимет и парче мандарина по желба.

За оние кои сакаат да уживаат во чист пијалак, наш предлог за квалитетен премиум рум е Zacapa 23. Zacapa 23 е рум кој се зрее во бурбон и шери буриња на надморска височина од 2,300 метри во местото Закапа, Гватемала. Овој рум има карактеристичен вкус на суво овошје и кајсија, кој понатаму се трансформира во појак вкус на кафе, ванила и завршни ноти на цимет и ѓумбир. 

За целосно уживање, ви даваме неколку предлог мезиња кои се одлични во комбинација со Zacapa 23.

  • Потпечено Bree сирење со мед и кршени јаткасти плодови.
  • Лиснати теста со говедско месо
  • Ладна даска со пикантно лути сувомеснати производи, во комбинација со солени јатки и суви овошја
  • Пропржени ракчиња со свежо исцеден лимон 
  • Есенска пита од јаболка 
  • Чоколадни брауни колачиња

Овој викенд, купете било кој Captain Morgan рум или Zacapa 23 по промотивни цени.

Избери си состојки за коктел и соодветено мезе

  • -10%
  • -10%
  • -10%
  • -10%

Вашата кошничка е празна.