Направи сам/а: Домашни њоки

60 мин. | 40 ден. | 4 лицa Ако си мераклија за готвење и сакаш сам/а да ја подготвуваш храната од почеток до крај, ова е блог за тебе! Следи го рецептот и научи како да приготвиш домашни њоки – класична италијанска паста, лесни перничиња од компир кои се одличен оброк без разлика со каков сос […]

60 мин. | 40 ден. | 4 лицa

Ако си мераклија за готвење и сакаш сам/а да ја подготвуваш храната од почеток до крај, ова е блог за тебе!
Следи го рецептот и научи како да приготвиш домашни њоки –
 класична италијанска паста, лесни перничиња од компир кои се одличен оброк без разлика со каков сос се сервирани.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

2 компири
2 шољи (250гр) брашно
1 јајце

[/col]
[col span=”2/3″ ]

Подготовка:

  1. Стави големо тенџере со вода и малку сол да зоврие. Излупи ги компиритеи стави ги да се сварат. Вари ги додека не омекнат, но сѐ уште се цврсти, околу 15 минути. Исцеди ги, остави ги да се оладат и издроби ги со вилушка или алатка за пире.
  2. Измешај 1 шоља смеса од згмечен компир, брашно и јајце во голем сад. Меси ја смесата додека не се формира тесто во форма на топка. Обликувај го тестото во долги ленти. На набрашнета површина, исечкај ги лентите на малечки перничиња, околу 1цм дебелина. Зовриј вода со малку сол во големо тенџере. Стави ги свежите њоки и готви околу 3-5 минути или додека њоките не испливаат на површината.
  3. Исцеди ги и послужи ги со сосот кој го предложивме во постот Њоки со 2 вида сирење и сланина, или пак со сос по твоја желба.
  4. Добар апетит!

[/col][/row]

Совет: За њоките да имаат текстура, пред да ги ставиш во тенџере да се варат, можеш нежно да ги притиснеш сите парчиња со задната страна од вилушката. На тој начин ќе се направат вдлабнатини во њоките каде што сосот подобро ќе се задржува.

      

 

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk

 

Оди на Paket.mk

Вашата кошничка е празна.