Нејзиното височество – Тортиља

Денес го славиме нејзиното височество – ТОРТИЉАТА. Тенко округло тесто што лесно може да си го направиш и сам/а дома. Но, овој пат ќе се фокусираме на готовите тортиљи што можеш да си ги купиш од кај нас и што сѐ може да направиш со нив. Иако постои оригинален рецепт за бурито, кесадиља, начос итн., […]

Денес го славиме нејзиното височество – ТОРТИЉАТА. Тенко округло тесто што лесно може да си го направиш и сам/а дома. Но, овој пат ќе се фокусираме на готовите тортиљи што можеш да си ги купиш од кај нас и што сѐ може да направиш со нив. Иако постои оригинален рецепт за бурито, кесадиља, начос итн., опциите се толку многу што секој ден може да правиш нешто различно.

Мешавина од зеленчук, тревки, зачини, месо (или не) и растопен кашкавал е потребната комбинација што ќе направи да се чувствуваш како да си добил/а на лото. А можеби и подобро.

Еве неколку идеи за состојки кои можеш да искористиш. Тортиљите загреј ги на тава пред да почнеш да ги полниш, или стави ги на тостер (или во рерна) откако ќе ги наполниш за да се стопи кашкавалот. Сподели со друштво. Уште позабавно е да ги наредиш сите состојки во посебни садови, и секој да си го направи својот микс за тортиљата.
Текила или пиво за живели, кој како сака 🙂 Cheers!

        

        

[row style=”divided”]

 

Пазари си тортиљи, зеленчук и сѐ друго што ти треба на Paket.mk

  • Специјална понуда
    Специјална понуда

    Добиваш гратис Vegeta зачин за скара на секои купени 3 Амстел Премиум 500мл

 

Оди на Paket.mk

Вашата кошничка е празна.