Неколку интересни факти за мексиканската кујна

Кој може да одолее на Мексиканска храна? Разновидна, зачинета, разнобојна и уникатна со единствени вкусови. Мексиканската кујна е комплексна и датира од многу одамна, со техники и вештини кои се развивале илјадници години. Низ историјата, мексиканската кујна подложела на многу влијанија па така многу од состојките биле донесени од други кујни и култури, но најголемиот […]

Кој може да одолее на Мексиканска храна? Разновидна, зачинета, разнобојна и уникатна со единствени вкусови.

Мексиканската кујна е комплексна и датира од многу одамна, со техники и вештини кои се развивале илјадници години. Низ историјата, мексиканската кујна подложела на многу влијанија па така многу од состојките биле донесени од други кујни и култури, но најголемиот дел потекнуваат од Мексико. Такос, Начос и Кесадиљас се едни од најпопуларните храни во светот и секојдневно ги освојуваат срцата на љубителите на храна, насекаде низ светот.

Сепак, мексиканската кујна е многу повеќе од зачинета храна, салца сос и гвакамоли.

Влијанијата врз мексиканската кујна

Влијанијата врз мексиканската кујна се должат воглавно на колонизациите во минатото, па така мексиканската кујна всушност претставува микс од повеќе кујни, но приспособени на мексиканската култура и кујна.

Најзначајно влијание имале шпанската и француската кујна.

За време на шпанската инвазија, шпанските војници почнале да ги мешаат своите залихи со традиционалните мексикански состојки. Пред влијанијата, мексиканската кујна главно се состоела од пченка, чили и грав. Шпанците почнале да додаваат месо, домати, авокадо и слично, па така настанале многу од рецептите кои се добро познати и денес.

Кога французите пак, го окупирале Мексико, донеле многу печени специјалтети, кои заедно со мексиканските состојки правеле совршени комбинации.

Текс-мекс

Дали сте слушнале за текс-мекс?

Популарноста на мексиканската кујна, како и фактот дека мексикански сосед е токму САД, придонело за една интересна варијација наречена Текс-мекс. Текс-мекс кујната се појавила во Тексас – Мексико, југозападна Америка и претставува модификација на традиционалната мексиканска кујна со несекојдневни примеси од Америка. Како и да е, Текс-мекс кујната е доста поразлична од традиционалната мексиканска кујна, иако се употребуваат истите состојки.

Мексиканската кујна денес

Мексиканската кујна останала разноврсна и ден денес и покрај сите влијанија. Всушност постојат разлики во кујната во Мексико од регион до регион, во зависност од климата, географската положба и етничките разлики помеѓу населението. Северно Мексико е познато по подготовка на традиционални специјалитети со говедско месо, додека југоисточно Мексико е познато по зачинетите зеленчуци и специјалитети со пилешко месо. Морската храна е пак застапена во кујната во местата кои излегуваат на океан.

Еве неколку интересни факти за мексиканската храна кои можеби ќе ве изненадат.

  1. Постојат три различни бои на пченкарна тортиља: жолта, црвена и сина.
  2. Тортиљите се дел од исхраната на стотици фамилии во Мексико. Тие најчесто јадат тортиљи со пилешко, говедско, јајца, грав и слично.
  3. Мексиканската храна е здрава затоа што претставува совршен микс на храни кои содржат јаглехидрати и протеини.
  4. Мексиканските десерти содржат чили за лут и сладок вкус.
  5. Пченка, домати, авокадо, какао, грав, чили и ванила се само некои состојки кои потекнуваат од Мексико и дел од мексиканската кујна.

Вашата кошничка е празна.