Њоки со 2 вида сирење и сланина

10 мин. | 485 ден. | 4 лицa Брзо решение за оброк кога сакате да јадете вкусни тестенини, а времето е кратко. [row style=”divided”] [col span=”1/3″ ] Состојки: 400гр њоки 5 парчиња млад кромид 100гр плаво сирење 250гр крем сир 225гр спанаќ 50гр зготвена, крцкава сланина пармезан [/col] [col span=”2/3″ ] Подготовка: Стави вода со […]

10 мин. | 485 ден. | 4 лицa

Брзо решение за оброк кога сакате да јадете вкусни тестенини, а времето е кратко.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

400гр њоки
5 парчиња млад кромид
100гр плаво сирење
250гр крем сир
225гр спанаќ
50гр зготвена, крцкава сланина
пармезан

[/col]
[col span=”2/3″ ]

Подготовка:

  1. Стави вода со малку сол да зоврие за да ги зготвиш њоките.
  2. Во меѓувреме, исецкај го младиот кромид и плавото сирење. Стави го крем сирот во длабок сад за готвење, додај го плавото сирење и кромидот и остави да се топат на средна температура. Мешај ги сирењата од време на време.
  3. Стави ги њоките во зовриената вода и готви околу 3 минути или колку што пишува на ќесичката во која се спакувани, или пак сѐ додека не испливаат на површина на водата.
  4. Додај го спанаќот во мешавината од сирење и мешај додека не се намали во големина и омекне. Додај половина од зготвената, крцкава сланина.
  5. Исцеди ги њоките и додај ги во смесата од сирење и сланина. Додај го остатокот од сланината.
  6. Сервирај ги њоките со пармезан.

[/col][/row]


Направи сам/а: Домашни њоки

Ако сметаш дека си подготвен шеф во кујната, можеш њоките да ги подготвиш и сам/а. Погледни го рецептот на линкот.

 

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk

 

Оди на Paket.mk

Вашата кошничка е празна.