Октоберфест – најголемиот светски фестивал на пивото

Многумина од нас се радуваат на доаѓањето на есента, некои поради дождот и жолтите лисја, други поради најголемиот настан во светот на пивото “Octoberfest”. Октоберфест, се одржува секоја година во германскиот град Минхен и трае нешто повеќе од две недели, сѐ до првата недела во месец октомври. Како настанал Октоберфест? Фестивалот настанал во далечната 1810 […]

Многумина од нас се радуваат на доаѓањето на есента, некои поради дождот и жолтите лисја, други поради најголемиот настан во светот на пивото “Octoberfest”.

Октоберфест, се одржува секоја година во германскиот град Минхен и трае нешто повеќе од две недели, сѐ до првата недела во месец октомври.

Како настанал Октоберфест?

Фестивалот настанал во далечната 1810 година, поточно за време на прославата на 12ти oктомври, по повод венчавката на принцот на Баварија, кој подоцна станал крал. Прославата траела пет дена, а завршила со коњска трка на отворено. Следната година на фестивалот имало и саем на земјоделски производи, а во 1818 година, биле поставени и штандови со храна и пијалоци. До крајот на 20тиот век, штандовите се претвориле во огромни пивски хали со балкони. Секоја пивница во Минхен поставила по еден ваков привремен објект, чиј капацитет бил 6000 луѓе. Почнувајќи од 1950 година, па сè до денес, фестивалот се отвара на ист традиционален начин, односно откако градоначалникот на Минхен ќе извика “O’zapft is!“, што всушност значи ,,време е за забава”. Пивниците исто така, се претставуваат со најразлични паради со луѓе облечени во традиционални костими, придружени со најразлични игри, музика и танци.

Големата популарност на фестивалот придонела за поместување на датумот од октомври во септември. Фестивалот започнува во септември и трае повеќе од 16 дена, сѐ до октомври. Фестивалот е проследен и со карневал, каде што се негуваат локалните традиции и обичаи. Октоберфест секоја година привлекува повеќе од 6 милиони луѓе од сите страни на светот.

 

Интересни факти:

  1. Октоберфест е пред сè фестивал на баварските традиции и пива, па сите пива кои што може да ги најдете на фестивалот се од Минхен.
  2. Во период од 200 години, Октоберфест бил откажан 24 пати. Најчести причини биле војни, како и епидемијата на колера. Оваа година е откажан по 25 пат, поради пандемијата на корона вирусот.
  3. Во 2018 година биле испиени 7.5 милиони литри пиво.
  4. Пивото е специјално направено за Октоберфест и е појако од вообичаено.
  5. Во 2017 година, Адидас ги лансираше Adidas beer and vomit-proof limited edition патики. Покрај големото количество на алкохол, многу веројатно е вашите патики на крајот да бидат мокри од пиво и од повраќаници, па затоа овие патики се продадени веднаш.
  6. Цените на пивата на Октоберфест започнуваат од 10.70 евра за 1 литар пиво.
  7. Повеќе од 140 ресторани и штандови за храна се дел од организацијата.
  8. Алберт Ајнштајн бил дел од организацијата на Октоберфест во 1896. Тој работел како електричар и помагал во инсталирање на струја во еден од шаторите.
  9. Од 14 големи шатори за пива, најголемиот собира 11 000 луѓе.
  10. До 1892 година не се користеле стаклени чаши за пиво. Традиционално чашите биле направени од камен, потоа од метал, а денес пивото се служи во стаклени чаши.

Вашата кошничка е празна.