Палома – омилениот коктел во Мексико

3 минути | 1 лице Еден од најпопуларните коктели со текила, се разбира, доаѓа токму од Мексико. Мексиканците, а и луѓето низ светот го обожаваат и е најдобар начин за да се пофалите со добра текила. ,,Paloma” е шпански збор за ,,,гулабица” и совршено го опишува овој коктел. Постојат многу варијации, но две состојки се […]

3 минути | 1 лице

Еден од најпопуларните коктели со текила, се разбира, доаѓа токму од Мексико. Мексиканците, а и луѓето низ светот го обожаваат и е најдобар начин за да се пофалите со добра текила. ,,Paloma” е шпански збор за ,,,гулабица” и совршено го опишува овој коктел.

Постојат многу варијации, но две состојки се неопходни за овој коктел: текила и цитрон.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

60 мл текила (бела или жолта)

10 до 15 мл цеден  зелен лимон

120 мл цеден цитрон (доколку сакате да биде газиран може да додадете и минерална вода или пак Schweppes tangerine)

Сол по вкус (на работ на чашата)

[/col]

[col span=”2/3″ ]

Подготовка:

  1. Снабдете се со потребните состојки. Одберете соодветна чаша.
  2. Доколку сакате може да го навлажните работ на чашата со зелен лимон и да ставите сол околу работ.
  3. Наполнете ја чашата со мраз и додадете ги текилата и сокот од зелен лимон.
  4. Додајте го сокот од цитрон.
  5. Salud!                                                                                                                                                                                  [/col][/row]

    Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш на Paket.mk:

    • -16%
    • -16%

Вашата кошничка е празна.