Пет медитерански рецепти за крај на летото

Медитеранската кујна изобилува со интересни и лесни рецепти кои имаат богат вкус и за кои сме сигурни дека нема да ве остават рамнодушни. Иако имавме тешка задача, одвоиве пет рецепти кои би ги јаделе во секое време. Скролајте надоле за состојките и начинот на подготовка. Bon Appétit !       Фалафел сендвич 30-60 мин. | […]

Медитеранската кујна изобилува со интересни и лесни рецепти кои имаат богат вкус и за кои сме сигурни дека нема да ве остават рамнодушни. Иако имавме тешка задача, одвоиве пет рецепти кои би ги јаделе во секое време. Скролајте надоле за состојките и начинот на подготовка. Bon Appétit !

     

Фалафел сендвич

30-60 мин. | 2 лица

Фалафел е јадење карактеристично за Блискиот Исток и се состои од пржени ќофтиња од наут и зачини, помешани со лук, кромид, магдонос и ким. Често се јаде како сендвич направен од наан леб или тортиља со свежа салата од марула, домат и сос.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

340гр варен наут
1 мал кромид
1 рака магдонос
3 чешниња лук
2 супени лажици брашно
2 супени лажици кумин (мелен ким)
Масло
Сол и бибер

[/col]

[col span=”2/3″ ]

Подготовка:

  1. Ситно исечкајте го кромидот, лукот и магдоносот.
  2. Наутот убаво исцедете го од водата и измешајте го со исечканиот кромид, лук, магдонос. Додадете ким, сол и бибер и иситнете ги сите состојки во сецко. 
  3. Додадете го брашното и убаво замесете ја смесата.
  4. Формирајте 6 топчиња со иста големина и оставете ги во фрижидер 10-15 минути.
  5. Загрејте масло за пржење и пржете ги топчињата додека не добијат златна боја.
  6. Загрејте тортиља на тава без масло и потоа склопете го сендвичот. Одлична комбинација е салата од марула, домат и сос од павлака и мајонез.

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk:

 

Израелски кускус со наут и фета сирење

30 мин. | 4-6 лица

Овој рецепт може да има различна улога – може да го подготвите за вечера, ручек или како додаток на главното јадење зависно од вашиот апетит. Израелски кус кус со наут, шери домати, фета и свежи тревки кој може да го јадете во било кој период од денот и на било која температура. Може да го подготвите и ден однапред (без свежите тревки) и да го јадете следниот ден. Само оставете го на собна температура 30 минути пред оброкот и потоа додајте ги свежите тревки пред да сервирате.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

4 лажици маслиново масло
1 мал кромид, ситно исечкан
2 лажици вински оцет
1/2 мала лажичка сол
1/4 лажичка свежо мелен бибер
1 шоља кускус (интегрален или обичен)
2 шољи вода
400гр наут
2 шољи шери домати, преполовени
1 шоља здробено фета сирење
1/4 шоља сечкан магдонос
Оригано

 [/col]

[col span=”2/3″ ]

Подготовка:

  1. Измешајте 2 лажици маслиново масло, кромид, вински оцет, 1/4 лажичка сол и малку бибер во голем сад и оставете го на страна. Ова е преливот (дресингот) за кускусот.
  2. Загрејте 1 лажица маслиново масло во голема тава на средна температура. Додајте го кускусот и пропржете го, мешајќи повремено додека не добие златно-кафена боја, околу 3 минути. Додадете ја водата и 1/4 лажичка сол, измешајте убаво и почекајте да зоврие. Потоа намалете ја температурата на средно-ниско ниво и гответе без капак додека кускусот не омекне, околу 10 минути. Исцедете го кускусот низ ситна цедалка .
  3. Префрлете го кускусот во садот со преливот, додадете го наутот и измешајте за да се соедини. Оставете ги да отстојат 15-20 минути, повремено мешајќи, за да дозволите да се олади и да се измешаат вкусовите. Додајте ги шери доматите, фета сирењето и свежите тревки. Послужете го оброкот топол или на собна температура.
  4. По ваша желба, може да додадете и друг зеленчук или месо.

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk:

 

 

Суфлаки во наан лепче

90 мин. | 8 лица

На сите нѝ е добро познат овој грчки специјалитет – суфлаки. Зошто да не го подготвите и дома, со специјалните наан лепчиња и сочно цаѕики? Цаѕики сигурни сме дека знаете да направите, суфлаки нарачајте спремно од месарница Андреја, а ние ќе споделиме рецепт за вкусното лепче за да го комплетирате целиот сендвич.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

1/2 шоља топла вода
2 мали лажички сув квасец
1 лажичка шеќер
2 лажици маслиново масло
1/4 шоља јогурт или павлака
1 јајце
1/2 лажичка сол
2 1/2 – 3 шољи брашно
2 лажици стопен путер
2 лажички ситно сецкан лук 

[/col]

[col span=”2/3″ ]

Подготовка:

  1. Измешајте ја топлата вода, квасецот и шеќерта во голем сад. Оставете да отстои 5 минути додека квасецот не се активира и почнат да се појавуваат меурчиња. Додадете маслиново масло, јогурт, јајце, сол и 2 шољи брашно. Измешајте додека не се изедначи смесата.
  2. Додадете доволно брашно за да добиете меко тесто. Замесете го тестото додека не се омекне и стане мазно.
  3. Ставете го тестото во намрсен сад. Покријте го со кујнска фолија или крпа и оставете го да нарасне на топло место додека двојно не се зголеми во обем.
  4. Загрејте тава на средна температура.
  5. Исечете го тестото на 8 дела. На набрашнета површина, исукајте го секое парче во круг од 15cm.
  6. Додадете малку масло на загреаната тава. Гответе го секое наан лепче по 2-3 минути од секоја страна или додека не добие златно-кафеава боја и не се направат меурчиња во тестото.
  7. Премачкајте ја горната страна на наан лепчето со стопениот путер и додајте сецкан лук, по желба.

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk:

 

Рижото со октопод

40-60 мин. | 4 лица

Оризот може да биде и поинтересен оброк ако се искомбинира со нови состојки и се подготви на поинаков начин. Зошто да не пробате тава со печен ориз и морски плодови или пак рижото? Ние споделуваме еден рецепт за кремасто рижото со октопод.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

350гр ориз
Октопод
2 домати
1 кромид
1 морков
1 страк целер
1 китка магдонос
Бистра зеленчукова супа
Масло
Сол и бибер

[/col]

[col span=”2/3″ ]

Подготовка:

  1. Во поголема тава или во тенџере на загреано масло пропржете го сечканиот кромид, па додадете ги сечканите моркови и целер. По неколку минути, додадете ги и лупените и исечкани домати, исчистени од семки (претходно малку провријте ги во зовриена вода).
  2. Пропржете така уште неколку минути, па кога зеленчукот ќе омекне, додајте го октоподот исечкан на парчиња; оставете да се готви 15 минути на умерен-тивок оган.
  3. Потоа додадете го оризот и мешајте неколку минути. Со постојано мешање, во тенџерето додадете 2 кутлачи топла зеленчукова супа. Оставете го јадењето да зоврие, па гответе додека оризот се свари. Додавајте повремено уште супа и мешајте.
  4. На крајот зачинете го јадењето со сол, бибер и сечкан магдонос по вкус.

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk:

 

Класични шпагети со доматен сос

40-60 мин. | 4 лица

Како поинаку да ја завршиме оваа листа освен со класичниот италијански рецепт – шпагети со доматен сос? Ако сакате повеќе да се потрудите, подгответе домашен доматен сос – подолу го споделуваме рецептот.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

500гр шпагети
7-8 зрели домати
Ладно цедено маслиново масло
Свеж босилек
Пармезан
1/2 лажичка бибер
1/2 лажиче сол

[/col]

[col span=”2/3″ ]

Подготовка:

  1. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Не ги преварувајте 😉
  2. За подготовка на доматниот сос, прво измијте ги доматите и засечете ги врвовите во вид на крст – ова ќе ви помогне подоцна полесно да ги излупите.
  3. Ставете ги доматите во зовриена вода и варете ги 3-4 минути, па потоа излупете ги. Лупењето започнете го од засечените врвови. Исечете ги излупените доматите на ситни коцки.
  4. Во тава на оган загрејте малку ладно цедено масло и додајте ги доматите. Динстајте ги со повремено мешање додека сосот не стане кремат. Зачинете со сол и бибер.
  5. Пред крајот, исечкајте го босилекот на ситни парчиња, додадете го во доматниот сос и гответе многу кратко за да се пушти арома. Тргнете 3-4 ливчиња босилек на страна за сервирање.
  6. Измешајте ги сварените шпагети со доматниот сос и сервирајте со рендан пармезан и ливче босилек.

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш од Paket.mk:

 

Оди на Paket.mk

 

Вашата кошничка е празна.