Пико Де Гаљо – неизоставен дел од мексиканските јадења

10 минути | 6-8 лица Пико Де Гаљо (свежа салса) претставува совршен спој со многу мексикански јадења, од бурито, до тако и начос. Откако еднаш ќе ja пробате, ќе сакате засекогаш да биде дел од вашето мени. Рецептот е едноставен, а резултатот е освежувачки, пикантен додаток. Потребно е само да ги исецкате и да ги […]

10 минути | 6-8 лица

Пико Де Гаљо (свежа салса) претставува совршен спој со многу мексикански јадења, од бурито, до тако и начос. Откако еднаш ќе ja пробате, ќе сакате засекогаш да биде дел од вашето мени.

Рецептот е едноставен, а резултатот е освежувачки, пикантен додаток. Потребно е само да ги исецкате и да ги измешате состојките, да додадете зачин за вкус и да сервирате.

Еве неколку совети како да станете експерти во подготовката на Пико Де Гаљо.

  • Отстранете ги семките и сокот од доматот.
    За да не ви биде многу водена салсата, употребете го само цврстиот дел од доматите.
  • Јадете го веднаш или чувајте го во фрижидер.
    Имајте на ум дека смесата ќе стане потечна кога ќе се измешаат сите состојки. Најдобро е да користите лажица со дупчиња кога ќе сервирате со такос.
  • Како и кај сите останати рецепти, крајниот квалитет на Пико де Гаљо, ќе зависи од квалитетот на состојките.
    Пико Де Гаљо е совршен рецепт за во лето, кога е и сезоната на доматите. Одберете ги најдобрите за да добиете совршен вкус.

[row style=”divided”]

[col span=”1/3″ ]

Состојки:

3-4 мали домати, исецкани на ситни коцки

¾ шоља исецкан кромид

½ шоља исецкан магдонос

¼ шоља сок од цеден лимон

2 чешниња лук, толчен

1 феферон, исецкан ситно

1 лажичка морска сол

[/col]

[col span=”2/3″ ]

Начин на подготовка:

  1. Во мал сад ставете ги сите состојки и мешајте додека не се искомбинираат.
  2. Послужете го со чипс, додадете го во тако или бурито.
  3. Маргарита е совршен пијалок која што ќе допринесе за дополнително уживање.

 

Доколку сакате да пробате нешто поразлично од традиционалното Пико Де Гаљо, еве неколку варијации.

Додадете коцки авокадо.

Заменете ги доматите со некое овошје како манго, ананас, праски или јагоди.

Ставете розев кромид наместо жолт.

Додадете пченка или црн грав.

[/col][/row]

Намирниците потребни за овој рецепт може да ги набавиш на Paket.mk:

Вашата кошничка е празна.