Правила и услови за користење на Paket.mk

Правилникот е последно ажуриран на 11.12.2017

Со самиот пристап на www.paket.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате условите наведени во овие Политики за користење на системот за електронска трговија. ПАКЕТ МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

ПОЛИТИКА И УСЛОВИ ВО ВРСКА СО ЦЕНИТЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Цените на сите производи на веб страницата www.paket.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. ПАКЕТ МАРКЕТ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.

ДОСТАВУВАЊЕ НА НАРАЧКИТЕ

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку сопствениот систем на достава на ПАКЕТ МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје или преку партнер за достава на адресата која е наведена во порачката под следните услови:

Доставата на артиклите е бесплатна во границите на Градот Скопје.

Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект.

Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

РОК НА ИСПОРАКА

При испраќање на нарачката, купувачите одбираат еден од достапните 1-часовни термини за достава. ПАКЕТ МАРКЕТ се обврзува да ги достави производите во рамки на одберениот достапен термин или не подоцна од еден час од крајот на одберениот достапен термин. Во нормални услови, доколку нарачаните производи не се доставена во предвидениот рок, купувачот не е должен да ја плати нарачката, односно веќе платениот износ ќе му биде рефундиран во разумен рок, а производите ќе бидат повлечени (вратени) при самата достава или со закажување на термин за превземање (враќање) на производите. Правото за враќање/рефундирање не може да се оствари доколку производите се оштетени, односно не се во првобитната форма.

Правилото за ослободување од плаќање или рефундирање во случај на задоцнување со доставата не важи доколку условите за достава се ненормални. Под ненормални услови за достава се подразбира:

  • Екстремно лоши временски услови
  • Новогодишна вечер, Божик и Велигден
  • Состојба на елементарна непогода
  • Друга официјална криза на локално или државно ниво

За проценка на нормалноста на условите одлучува ПАКЕТ МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје.

ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ

Во случај кога потрошувачот купил прехранбени производи со недостаток, ПАКЕТ МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје се обврзува да изврши нивна замена за производи со соодветен квалитет или на потрошувачот да му го врати платениот износ, доколку недостатоците се утврдени во рокот до кога производот може да се употребува.

За сите останати производи купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на достава, под услов производот кој се враќа да е во иста форма и содржина во која е испорачан, неотпакуван, неупотребуван и неоштетен, со сите етикети и ознаки кои ги имал при доставата.

Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето, или како ваучер (кредит) за следни купувања доколку купувачот го побара тоа.

Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.

Правото за поврат на производите може да се оствари со пополнување на Барање за поврат.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

ПАКЕТ МАРКЕТ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи во Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ПАКЕТ МАРКЕТ не сносува никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.

ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

ПАКЕТ МАРКЕТ ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ПАКЕТ МАРКЕТ користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на https://www.paket.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. ПАКЕТ МАРКЕТ во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.

ОПШТО

ПАКЕТ МАРКЕТ ДООЕЛ Скопје не одговара за евентуални мали измени во однос на производите прикажани на фотографиите на официјалната веб страна. Фотографиите прикажани на веб страницата www.paket.mk се од информативен карактер.