Празнични коктели за вашето предновогодишно домашно дружење

Празничниот период е еден од најубавите во годината. Иако оваа година ги заменивме забавите во локалите со домашни мини забави, сепак вкусните празнични коктели остануваат дел од традицијата и ние ви подготвивме неколку вкусни и лесни идеи за вашата предновогодишна домашна забава. Cinnamon Whiskey Sour Потребни состојки: Johhnie Walker Black 50ml Сок од лимон 30ml […]

Празничниот период е еден од најубавите во годината. Иако оваа година ги заменивме забавите во локалите со домашни мини забави, сепак вкусните празнични коктели остануваат дел од традицијата и ние ви подготвивме неколку вкусни и лесни идеи за вашата предновогодишна домашна забава.

Cinnamon Whiskey Sour

Потребни состојки:

  • Johhnie Walker Black 50ml
  • Сок од лимон 30ml
  • Сируп од цимет 15ml*
  • Белка од јајце (по желба)

Во шејкер додадете ги сите состојки, прво шејкајте без мраз (dry shake), а потоа додете мраз и шејкајте повторно. Прецедете го коктелот во ниска чаша (old fashioned) и декорирајте го со тенка кора од портокал.

*Како да подготвите сируп од цимет:

Во тегла додадете врела вода, исто толку шеќер во кристали и неколку стапчиња цимет. Протресете силно додека не се растопи шеќерот.

Hot Toddy

Потребни состојки:

  • Johnnie Walker Red 40ml
  • Сок од лимон 10ml
  • Мед 1 лажичка
  • Каранфилче 3
  • Зовриена вода  60ml

Додадете ги сите состојки во чаша за топли напитоци (toddy glass) и промешајте. Декорирајте со парче лимон.

Hot Rum Punch

Потребни состојки:

Додадете ги состојки во сад (лонче) и загрејте ги. Коктелот е готов пред да почне да врие. Послужете го во чаша за топли напитоци (toddy glass) и декорирајте со сезонско овошје и стапчиња цимет.

*Како да подготвите сируп од ванила:

Во сад додадете врела вода и исто толку шеќер во кристали, мешајте додека додека не се растопи шеќерот. На крај додадете арома за готвење од ванила и уште еднаш кратко промешајте.

Rum Old Fashioned

Потребни состојки:

Додадете ги сите состојки во ниска чаша (old fashioned), потоа додадете мраз и мешајте околу 15 секунди. Доколку има потреба додадете уште мраз, на крај декорирајте со тенка кора од портокал.

Вашата кошничка е празна.