Aperol Ликер 1л

Бренд:Aperol

Со потекло од Италија, рецептурата на овој битер кој содржи портокал е строго чувана тајна. Aperol е совршен аперитив со светло портокалова боја и уникатен горко-сладок вкус. Тој e фузија од скапоцени компоненти, многу билки и корени во совршено избалансирана комбинација. 

Aperol неодамна го прослави својот 100ти роденден и официјално е дел од Оксвордскиот речник опишан како италијански аперитив со портокалова боја.

Aperol настанал во 1919 година во Падова, тој бил измислен од браќата Силвио и Луиџи Барибери кои ја лансирале револуционерната идеја аперитив со содржина на алкохол од само 11%. Од тогаш до денес популарноста на Aperol постојано расте, благодарение на неговиот свеж вкус, како и можноста да се меша со многу други пијалоци.

Состав: вода, шеќер, алкохол, ароми, натриум хлорид, бои Е110, Е124.

Да се чува на суво место, заштитено од директна сончева светлина.

Се наоѓа во

Одбери