Becutan Детска витаминска маст 100мл

Бренд:Alkaloid
Наменета е за секојдневна нега на бебешката кожа, особено во пределот што е покриен со пелена и во пределот каде што се формираат превои. Клинички е докажано дека може да се користи уште од првиот ден по раѓањето и дека превентивно дејствува против појава на иритации во пределите на бебешката кожа што се најподложни на оштетување, како последица од допирот со влага и со нечистотии од пелената. Детската витаминска маст Becutan во својот состав содржи: • витамин А и витамин Е, кои ја одржуваат нормалната влажност на бебешката кожа, ја прават мека и еластична, а истовремено ја одржуваат и нејзината отпорност кон надворешните влијанија; • масло од невенов цвет, кое ја смирува и ја обновува кожата. Маста се нанесува на сува и чиста кожа при секое менување на пелените. Нежно се трие сé додека целосно не се впие во кожата.
Одбери