Becutan Пена за миење раце 250мл

Бренд:Alkaloid
Пената за миење рачиња и лице Becutan е исклучително блага формулација на течен сапун, спакуван во посебен тип амбалажа, кој овозможува создавање креместа пена при секое истиснување на содржината. На овој начин секојдневната рутина на миење раце и лице ќе стане забавна навика за дечињата и сето тоа придружено од препознатливиот мирис на Becutan. Пената нежно ги отстранува нечистотиите од рацете и од лицето, а активните компоненти дополнително ја штитат и ја негуваат чувствителната детска кожа. Формулацијата не ги надразнува очите, а благите состојки ја заштитуваат кожата од сушење. •Не содржи алкохол. •Не содржи бои. •Не содржи парабени. •Дерматолошки тестиран. •Кремот е pH-неутрален за детската кожа. Поефикасна при отстранувањето на нечистотиите Она што најдобро ги отстранува нечистотиите од кожата е, всушност, пената, а децата честопати знаат да бидат нетрпеливи и да се измијат пред таа да биде создадена. Посебниот механизам на пумпичката кај течниот сапун Becutan ја создава пената уште со самото истиснување од шишенцето и на тој начин обезбедува поголем ефект при отстранувањето на нечистотиите од детската кожа. Производот е достапен во редовно пакување од 250 ml со пумпичка и во пакување за повторно полнење соодветно за истата пумпичка.
Одбери