Becutan Шампон и купка со пумпа 400мл

Бренд:Alkaloid
Овој производ претставува идеалана комбинација на два производи за нега и хигиена на детската кожа и коса во еден чекор. Составот на производот е збогатен со комбинација на активни материи од природно потекло кои имаат благо дејство и овозможуваат двојната намена на производот во целост да биде прилагодена кон потребите на детската кожа и коса. Една од состојките, глицерил олеат, припаѓа на групата биолипиди и е физиолошка состојка во кожата, а како составен дел на овој производ овозможува одржување на биолипидниот баланс на кожата и придонесува за подобрување на нејзината заштитината функција. Алое вера екстрактот делува смирувачко, односно заштитува од појава на иритација и црвенило, а Д-пантенолот ја регулира влажноста на кожата и не дозволува нејзино сушење, истовремено придонесува косата да биде еластична и сјајна. Екстрактот од пченични ‘ркулци ја заштитува кожата од сушење и влијае на подобрување на нејзината мекост и еластичност. Оваа состојка има веќе докажано дејство и кога е негата на коса во прашање, пченичните ‘ркулци придонесуваат за зајакнување на влакното, овозможувајќи косата да биде мазна, мека и сјајна. Производот содржи и благ регенератор. Со своето двојно дејство, овој производ овозможува негата на детската кожа и коса да биде едноставна, а притоа во целост прилагодена кон нивните потреби. По капењето кожата ќе биде нежна и мека а косата лелава и сјајна.
Одбери