Бекутан Бебешки пелени Јуниор бр.5 (11-25кг) 78 парчиња
Одбери
Бренд:Becutan
Наменети за деца од 11 до 25 килограми.
ПОМЕКИ
Новите пелени Becutan се извонредно меки и тенки, површинскиот слој на пелената содржи поголем процент природни материјали, поради што допирот со чувствителната бебешка кожа е исклучително нежен.
БЕЗ СТРАНИЧНО ПРОТЕКУВАЊЕ
Имаат еластични странични прегради кои не дозволуваат протекување на нечистотиите. Изработени се од материјали што овозможуваат кожата да дише.
ПОТЕНОК И ПОДОБРЕН АНАТОМСКИ ОБЛИК
Пелените Becutan се анатомски обликувани за да го осигураат и за да го следат правилниот развој на бебето во различни фази од неговиот раст.
ПОГОЛЕМА ЕЛАСТИЧНОСТ
Подобрена е флексибилноста на еластичните делови во пределот на појасот. Новата пелена Becutan е извонредно еластична во предлот на појасот и целосно се приспособува кон слободните движења на бебето за да се постигне максимална удобност во најактивниот период од денот, а истовремено за да се подобри и ноќната функција на пелената.
АЕРО- ПРОПУСТЛИВИ
Површинскиот слој на пелената е со аеропропустлива текстура, што овозможува кожата непречено да дише.
ПОДОБРЕНА АПСОРПЦИЈА
Впивливоста, како и брзината на апсорпција, е еднa од најважните карактеристики на новата пелена Becutan. Благодарение на супервпивливиот слој со структура на микрогранули, како и на дистрибутивниот слој што овозможува нечистотиите од пелената рамномерно да се распоредат по целата нејзина должина, бебешката кожа ќе остане сува и заштитена и повеќе часа по повивањето.
Пакување од 78 парчиња.
Се наоѓа во
Одбери