Black Up Крема за сончање СПФ30 100мл

269ден.
Бренд:Black Up
Содржи комбинација на УВА- и УВБ-филтри, масла, витамин Е, Де-пантенол и на ши-путер. Овозможува долготрајна заштита на вашата кожа за време на сончањето и воедно ја штити кожата од иритации, изгореници и од сушење, притоа правејќи ја мека и еластична. Вградените филтри овозможуваат висока заштита (СПФ 30) од штетното дејство на УВА- и на УВБ-зраците во текот на сончањето. Присуството на витаминот Е ја подобрува хидратацијата на кожата, која е од исклучителна важност во летниот период. Исто така, со своето антиоксидативно дејство учествува во неутрализацијата на штетните слободни радикали, со што ја заштитува кожата од предвремено стареење. Содржи комбинација на масла кои дејствуваат емолиентно (омекнувачки) и ја подoбруваат еластичноста на кожата. Де-пантенолот дејствува хумектантно (навлажнувачки) и го спречува прекумерното губење влага од кожата за време на сончањето. Ши-путерот уште е познат и како карите-путер. Тоа е екстракт што содржи комбинација на сложени масти и масни киселини (арахидонска киселина, олеинска, линолна, линоленска, стераинска и цинаминска киселина). Самиот екстракт е богат и со витамините Ц, Д, А, Е и Ф. Присуството на овие витамини во производот е многу значајно за одржување здрава кожа, особено кога е прекумерно изложена на сонце. Екстрактот дополнително придонесува за регенерирање на кожата, за смирување на иритациите и за подобрена хидратација на кожата, што е особено значајно за време на сончањето. • Дерматолошки тестиран. • Наменет е за сите типови кожа. Начин на употреба: рамномерно се нанесува на кожата, половина час пред изложување на сонце и по секое капење.
Нема залиха