Havana Club Anejo Blanco Бел рум 700мл

869,00 ден

Произведуван уште од 1878 година, овој автентичен кубански рум е направен со користење само на најдобрата темна меласа добиени од кубанската шеќерна трска. Овој „Anejo Blanco“ („Стар Бел“) е зреен во дабови буриња што му дава нежна боја на слама и свеж овошен вкус. Овој класичен, посув стил на рум е идеален за правење миксови и стандард за правење на било кој од познатите кубански коктели вклучувајќи Мохито, Даикири и Куба Либре. 37,5% alc./vol.

Нема на залиха

Категорија:
Шифра: ZMA35490

Опис

Како да направите Мохито?

Мохито (шпански: Mojito) е традиционален кубански алкохолен коктел. Тој се приготвува користејќи бел рум, шеќер (кафеав, или меласа од шеќерна трска), лимета, сода-вода и свежи листови од нане. Комбинацијата од сладок и кисел вкус со нане го затскриваат силниот ефект на румот, и затоа овој хајбол е популарно летно освежување. Многу хотели во Куба додаваат и ангостура сируп за да го намалат слаткиот вкус, но ова не е според првобитниот рецепт создаден во Ла Бодегита дел Медио. Мохитото било омилен пијалак на Хемингвеј, додека престојувал на Куба; веројатно на ова се должи дел од славата на овој пијалак.

При приготвувањето на коктелот најпрво со помош на толчник нежно се гмечат неколку листови од нане заедно со шеќерот во чашата, само колку да ги испуштат маслата, но не и да се распарчат. Потоа се додава румот, и смесата нежно се промешува за да се раствори шеќерот и ливчињата од нане да се искачат во чашата за подобар изглед. На крајот се додава мраз и сода-вода, како и лимета и ливчиња од нане за декорација.

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Havana Club Anejo Blanco Бел рум 700мл”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *