Лице в лице Списание бр. 39

100 ден

Лице в лице списание број 39. Поради неможноста за спроведување на концептот на директна продажба на списанието „Лице в лице” и активен ангажман на продавачите, кои заработуваат за егзистенција преку ваквиот модел, Paket.mk го дистрибуира списанието бесплатно. Така, целиот износ наплатен за списанието се префрла до издавачот на „Лице в лице”, кој потоа половина од средствата во форма на продукти ги дистрибуира до лицата кои во нормална ситуација би биле задолжени за дистрибуција на изданието. „Л

Нема на залиха

Категорија:
Шифра: PBC10001

Опис

„Лице в лице“ е активистичко списание, кое излегува во Македонија од септември 2012 година, и го промовира моделот на социјално претприемништво.

Продавачи на списанието кое што ги поттикнува компаниите на општествена одговорност, а преку темите што ги пласира се грижи за подобрата иднина на маргинализираните групи, како и за јавниот простор и животната средина, се претставници од најранливите слоеви во општеството, кои се обучуваат за продажба од страна на тим на платформата „Лице в лице“. Половина од сумата на списанието (кое чини 100 денари) оди за продавачот, а половина за печатење и за активности кои го подобруваат животот на маргинализираните групи.

Промовирајќи го моделот на социјално претприемаштво, списанието врши двојна улога – ги засилува ранливите категории граѓани, но, и ја подигнува јавната свест за прашања што нѐ засегаат сите нас – социјална вклученост, социјална политика, демаргинализација на групи и на поединци, образование, еколошка свест, културен развој, активизам во уметноста и во културата, општествена одговорност, волонтерство, кои се и дел од темите што се во фокусот на интерес на списанието.

Списанието излегува еднаш на два месеци, на 64 страници во боја. Содржината на магазинот, во најголем дел, ја создава тим на волонтери, како и поддржувачи на мисијата на списанието.

„Лице в лице“ е член и на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП) со седиште во Глазгов.

Нутритивни вредности

Не се доставни нутритивни вредности за овој продукт.

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Лице в лице Списание бр. 39”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *