Marisol Ectoin Спреј за нос 50мл

Бренд:Marisol
Трговец:Annifarm
Marisol Ectoin спреј раствор за нос е изотоничен раствор на морска сол со ектоин. Наменет е за лица кај кои е отежната физиолошката функција на носната слузокожа, како и за одржување на секојдневна хигиена на носната шуплина, особено во сезона на алергии. Благодарение на ектоинот на сигурен и ефикасен начин ги ублажува симптомите на алергиски ринитис и ја штити носната слузокожа од алергени од надворешната средина. Ектоин е природна супстанца која се добива од микроорганизми (екстремофили) кои живеат во многу неповолни услови (висока температура, УВ зрачење, притисок, салинитет). На така неповолни услови од средината, екстремофилите реагираат со лачење на ектоин, кој ги стабилизира клетките, го штити имуниот систем на кожата и остварува долготраен ефект на хидратација. Ја штити слузокожата на носот од иританси, алергени, делува цитопротективно, ги намалува воспаленијата и ја штити слузокожата од сушење.
Одбери